Нож, сабја, коса, сите се оштрат од рачката кон врвот, така да во ред си е првото видео.
Супер тоа од рачка према врвот. Ама малку во обратен правец оди со турпијата/шмирглата.
Мене колку што ме учеле, стално се остри према надвор на ножот.
Moмци, поентата е дека ова за релативно евтини пари ви дава платформа за држење на еден ист агол при оштрењето. А вие можете да го ротирате сечивото на лево/десно и да ги симулирате вообичаените движења со кои сте навикнати да оштрите... Лесно се менуваат камењата при оштрење, и за релативно кратко време се прави ножот како што треба (ок не е кратко, ама кратко е во однос на без платформава).
Кој се разбира малку од ножеви знае какво ѓубре се „стандардните“ оштрачи кои нашироко се користат.
На секој форум за ножеви тие што се разбираат ќе ви препорачаат нешто слично, а ова конкретно (ruixin) е кинеска изведба која не кошта повеќе од скап нож, ама ја врши истата работа како и скапите модели.
На крај многу повеќе ќе коштаат камењата, ама тоа е друга приказна. Како и да е тие еднаш се земаат и се имаат... Освен ако не сте касапи, а тоа е па скроз друга приказна (карбонски челик и сѐ што иде со него).
едит: На пример јас преферерирам вакви движења:
https://youtu.be/McCs3L1UViE?t=1919Оштрењето вака трае подолго, со часови некогаш, ама го правам кога не се брзам и гледам филм/подкаст/дискусија/итн.