Не знам за клучевиве како ќе е со квалитет...
Јас земав од Хогерт француси клуч, папагалка и една шпиц клештасо долги челусти.
Клештата ако ја запнеш бега и се разидуваат челустите. Папагалката ја напнав еднаш и внатрешно на забите се направи рез околу еден милиметар. Му пишав па рекоа ќе ми ја сменат за нова, демек фабричка грешка, ама не ми се тераше таа замена, карго во 2 правци и ете ти ја папагалката.
Топ мастер имам моторцангла, армирачка клешта и некој штрафцигер.
Армирачката најмногу ми е користена, не дава знаци на слабост.
Со план сум рачести и окасти клучеви да земам, па се мислам, може ли топ мастер да е подобар избор од Хогерт...?