Абе разбарајте по интернетов како се прави копија и сами направете. Мене за форд ми бараа 3000-3500 денари да ми го изрежат и да пали со него, а 5500-6000 денари за да пали и да заклучува/отклучува на далечинското.
Купив клуч од ебау за 10тина долари. Го изрежав за 400 денари наспроти скопјанка, го направив да отклучува/заклучува за 2 минути со насоки од некој форум (кликни овде, дај контакт, кликни пак, така нешто беше). Потоа симнав апликација за форд на компјутер и го кодирав за 5 минути преку обд2.
Ако е можно ова и за вашите коли како кај мене, не му давајте толку многу пари ко да направиле којзнае што. 5 минути работа, ама држат цени како договорени да се 100 евра да кошта за било која кола со кодиран клуч и далечинско.