Мислев да му предложам од оние во еуротулс што се за чистење ќумбиња/шпорети. Пепелта е исто ситна и смукалката брка работа за едно темелно чистење на шпоретот, по тоа треба да се тресат филтрите, а ги има 2. Еден е фин а врз него се става вреќичка. Вреќичката слободно може да се пере, а филтерот кога ќе се презасити може да се смени и кошта околу 200мкд. Може и не е лоша варијанта ова пошто моторот е доста заштитен и да речеме изолиран од цркнување.