Оди и до Фамод,барај нешто од Бош,Девалт,Макита.
Инекото не се за така лоши,барем од муабети од мајсторите.
Блек анд декер две бормашини рикнаа,првиот го зедов во пакет со мала бруска за 4000ден,бруската си тера сега за сега,слабо се користи.Вториот го зедов 2400ден. рикна после 3 години.Јас би ги заобиколил Блак анд декерот.
На работа имаме два Раидер бормашини,пред некој месец квалитетно го измалтретирав со челична четка за стругање едно 2-3 часа.Загреа квалитетно ама не рикна,ете го уште си тера.
Ако бараш нешто подобро ГБХ 2-24 околу 150-170е треба да е.Во Електрометал добив цена од 9190де.
GBH 2-24 кој ја има следнава спецификација:
• Номинална моќност од 790 W
• Енергија Макс. 2,7 J
• Номинален број на вртежи 0-930 min-1
• Брзина 0-1300 min-1
• Тежина 2,8 кг
• Макс. дупчење бетон капацитет од 24 mm
• Макс. дупчење капацитет на ѕид (тула, блок) 68 mm
• Макс. капацитет на дупчење дрво 13 mm
• Макс. дупчење капацитет челик 30 mm
• Испорака: Помошната рачка, Граничник за длабочина 210 мм,
Истиот може да го најдете во маркетите на Електрометал по цена од 9.199 денари
Најдобро шетни до Електрометал,Фамод,Меркур види што имаат.
На бош професионалните алати имаат 3 години гаранција.Преку официјалната страна на Бош го регистрираш производот.
До сега колку што го имам GBH 2-28 F сум презадоволен,доста ми беше од бормашинчиња од 40-50 евра кои за 2-3 години рикаат а ќе ги пазиш да не загреат,да не ги оптеретиш.