Се користи за екстремна брзина на предавање на фотографиите, на пример на некој натпревар каде фотографот вади фотографии напред, а позади него човек со лаптоп ги презема и ги селектира и препраќа преку 3Г во редакцијата каде во меѓувреме се спрема статијата.
И добиваш статија на Дојче Веле дека Петко дал гол пред 6 минути сосе слика од голот. Што е доста важно во новинарскиот свет, каде ако немаш слика или треба да купиш или украдеш туѓа, или никој да не ти ја кликне статијата ако нема слика.
Па потоа го почнаа да го користат и во студија каде се користеше кабел, за како што сликаш да одат сликите на големи монитори за привју, наместо да гледаш на 2 инча екранче на фотоапаратот. Е сега за по дома, има по некој бенефит да, но согласно цената ќе си одбере секој дали му се исплати.
Онак се плаши да не му идат на FB или инстаграм сликите директно. Не се случува тоа, do not worry.
