Се подновив со Sony Xperia Z3, после доооооолго чекање и истражување.. Црн.


Подетално за спецификациите,
овде.
Конечно да искусам top tier, или flagship смартфон. Разликата до Идолот што го користев до вчера не се мери ни во светлосни години.
Прекрасен дизајн, што и ми беше многу, многу битно. Хардверски е повеќе од одлично поткован, со 2.5 гига куадкор, 3 гига рам, 16 гига меморија (од кои 12 слободни), 20.7 мегапикселна, прекрасна камера, прекрасен екран со 424 ppi густина.. Два дена веќе не го пуштам од рака, ни да сецне ни да се закашла.
Батеријата е посебна приказна. 3100 mAh, коja откако ќе го изгустирам, ќе ме држат и до 4-5 дена, без проблем.
Згора на се, water resistant, по IP68 стандард.
Малку се привикнувам на димензиите, ама ќе управам. Пријатно ме изненади пакетот, кој покрај стандардните полнач, УСБ кабел, слушалки и адаптери за уши, дојде и со заштитни фолии за предното и задното стакло.
Пред време имав нарачано 2-3 силиконски навлаки, проѕирни, бампер и фолии, така да телефонот е заштитен 110% од речиси сите ризици. Не треба да искоментирам дека веднаш се ставени фолиите и навлаката.
Се на се, ми се исплатеше три-месечното чекање. Прекрасен телефон, кој - ако е се во ред, дај Боже, ќе го користам дооооолго време.