Другар што работи со осветлување ми рече од било каде само не од електроелемент. Имаш во хубо доста добар избор, а имаш и во лира. Ако си за малце поквалитетно имаш во ЛексЕлектрик, австриски лед, али прилично е поскап, мислам дека околу 600 денари метар али убав е и квалитетен имаат и 5 години гаранција, не само дека нема да цркне туку и дека ке ослаби макс незнам колку проценти. А имаат и кинески што им е околу 60 денари метар. Јас малку претерав со ЛЕД-от сега кога го купував, земав од кај другарот некој лед што е скоро 20 евра по метар, али он ми даде попуст па ми дојде околу 800 и нешто за метро, ама бидејки ги вградувам во плафон, не би сакал да ги мењам на 6 месеци и да правам акробации, па се надевам дека оверкилот ке се исплати.