нарачани 2, и стигнати и двата уреди за контрола на уреди преку гсм. едното е за клиент, другото е за моја лична употреба. ке го контролирам осветлувањето и греењето во викендицата...
работи преку смс пораки или преку јавување. со смс се контролираат 2 канала, со јавување се контролира само првиот канал. има капацитет од 99 броеви, од кои 8 можат да бидат администраторски. значи за да прими уредот команда, телефонскиот број од кој што се јавуваш, мора да биде внесен во меморијата на листата од телефони од кои ке ги слуша командите. значи и да го знаеш бројот на уредот на кој се јавуваш, џабе ти е, нема да ја прими командата, а тоа е одлична заштита за да неможе било кој да ти ја контролира единицата-уредот. а за смс пораките, има дополнително во самиот софтвер внесување на безбедносен пасворд од минимум 6 карактери. денес и го тестирав, му турив 2 халогенки и снимив едно видео.
уредот е наменет за оние места кај што сакате да контролирате апарати, преку гсм. овој конкретниов на клипов е 2 канален. нај големиот е со 8 канали, тоа значи 8 апарати можеш да контролираш... за викендица, на пример, можеш да контролираш:
-осветлување напред
-осветлување позади
-генерален свич на струјата
-греење
-ладење
-пумпи на базент
-хидрофорни пумпи
итн итн... се што ке ти текне, можеш да искористиш. му праќаш преку софтверот, порака со код, и добиваш потврдна порака дека е вклучено или исклучено...