Супер конфигурација. Пиши импресии и колку држи батерија? Што пари?
Првични импресии одлични, си лизга како путер лаптопот. Пријатно сум изненаден од изработката, се осеќа sturdy и квалитетно изработен. Комбинацијата на процесорот, графичката и IPS 120Hz екранот е прекрасна, поврзано со уште еден 144Hz IPS монитор напоредно и баш онака не се осеќам како да "губам нешто" во однос на статичен компјутер.
Во однос на перформанси, вчера успеав да истестирам само со Forza Horizon 5, на High preset си држи стабилни 60фпс без никакви micro-stutters, а највисока температура што ја достигна е околу 78c на графичката после 2 саати активно играње, што не е воопшто лошо. Како замерка ќе издвојам 4GB VRAM-от на графичката што сигурно ќе те кочат малку во некои наслови, али ништо страшно.
Друга негативна работа што би ја издвоил е недостиг на порти за поврзување, има само 2xUSB 3.2, 1xUSB-C, HDMI 2.0, RJ-45 за LAN поврзаност и класичен 3.5mm jack. Ако користиш повеќе геџети не ти бега некој dock, што е една работа повеќе што ќе треба да ја мкнеш со тебе. Батеријата уште не сум тестирал, вчера денот на струја го помина цел, така за тоа можам да ти допишам деновиве. Цената на конкретниот модел е 53.000 денари.