Нема Миле видено распарчен човек и делови од тело расфрлани по автопат.
Нема видено какви специјалки од Украинци,Тајланѓани,Махараџи и што уште не возат камиони низ Еу.Мене страв ми е шо ги гледам во контра смер на автопат кога возиме.
Тоа што се чепка по телефони не ни го споменувам.
Секој кој си го сака малку животот не би сменил гума на автопат,доколку не е тргнат на проширување како СОС паркинг.
п.с Во Холандија ,чим застаниш на помошна лента на автопат,за максимум 10 мин. зад тебе доаѓа или полиција(поретко) или службата која има е задолжена за автопатите,те прашува што е проблемот и ако останиш(нешто си дефект или гума дупната) останува зад тебе и затвара една лента додека не заминиш.
Се разбира дека нема да те остави да дремиш таму два дена,туку се гледа според алучајот како најбрзо ќе се реши проблемот.
До сега 4 пати сум имал контакт со нив и сите 4 биле со одлична комуникација и позитивен исход.