Внимавај исто колку што внимаваш и сега, и доволно ќе биде.
Овој муабет со Бушав го правев пред да го спуштам Голфот. Јас му викам „ќе треба повеќе да пазам“, а он ми рече „а сега не пазиш?“
И така си е.. Кој пази, пази, без разлика дали е спуштена колата или не.. Ене го Јарисот на Зврки, иста генерација како твојот, со години го вози спуштен до земја, и нема никакви проблеми. Само ќе треба да припазиш нијанса повеќе на тротоари, ивичњаци и слични работи, ама тоа е тоа.
На форумов еден куп луѓе возиме со спуштени коли, и еве, ни една кола не ни се распаднала до сега. Слободно спушти си ја колата ако ти прави мерак.