Автор Тема: Чистење со Rainbow машина  (Прочитано 6790 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • хаУс мајстор
Чистење со Rainbow машина
« на: 13 Октомври 2014, 12:41:21 pm »
Пред да почнам,администрација ако не е соодветно отворена тамава на право место,нека се префрли.Благодарам :)
Чистејќи денес дома,пошто јас сум си сам "домаќинка" за спратот во кој седам,ми дојде до идеа да почнам со чистење.Ќе почнам со роднини,пријатели и вас драги клбери.
Епа драги клабери и клаберки,станува збор за Rainbow машина,кај некој од вас сигурно правеле презентација и сте запознаени со истата,нејзините способности итн,за тие што незнаат по нетов може се да се види,ама накратко машината чисти перфектно,папуча која е на вибрации со четка која врти(незнам точно колку вртежи,ама е нешто ко V-tec кај хондите :))работи на принцип со вода,значи се тоа што го всмукува,грам прашина не излегува од неа,се задржува во водата во која исто се ставаат аромати за поубав издувен мирис-среќа не е дизел  ;D
Ќе почнам со  чистење на лежаи, кревети, гарнитури,теписони,вадејќи ги бактериите кои се наоѓаат во нив,значи сега за почеток само чистење без перење(имам и дел за перење,ама да видиме како ќе тргне работава прво) кое е доволно еднаш во 3 месеца во овој период од годината,пошто нели временските услови не ни дозволуваат перење на теписони и остало.
Во прилог и некоја слика,тазе од денес,ќе помислите дека никогаш не е чистено кај мене,но истото го кажуваат и луѓето кај кои сум чистел(имав случај во резервоарот да истане само кал и влакна,па машината да ми загрее)да не го тупам,изволте




ПС:во темава http://forum.carclub.mk/index.php/topic,4568.0.html имаше и некоја фотка од чистењето на колата кога и правев,чисто да се види,нешто од нешто.
Цените би биле следниве:

-теписони 40мкд од м2
-кревет 200мкд
-гарнитура 400мкд
-душек 100мкд
-душек брачен/спална 300мкд
-столици 30мкд
Edit: бројче за контакт 072 245 365. Зоки
« Последно менување: 29 Септември 2021, 14:57:09 pm Simo - Carrier159 »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20699
Одг: Чистење со Rainbow машина
« Одговори #1 на: 13 Октомври 2014, 12:44:32 pm »
Имам ваква машина и имам само пофални зборови за нејзе. Ако некој сака убаво и темелно чистење дома, нека искористи шанса!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Одг: Чистење со Rainbow машина
« Одговори #2 на: 13 Октомври 2014, 12:46:55 pm »
Утре пак да поминеш со машината, истата кал ке ја извадиш, едноставно спас од прашина нема. :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • хаУс мајстор
Одг: Чистење со Rainbow машина
« Одговори #3 на: 13 Октомври 2014, 12:48:34 pm »
Не е препорачливо секојдневно чистење,може и без теписон да останеш.Еднаш на 3 месеци е таман.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
Одг: Чистење со Rainbow машина
« Одговори #4 на: 13 Октомври 2014, 12:57:26 pm »
Ејјјј ко кец на десетка ми дојде ова, баш викендов пуштив абер да ми најдат број од некој што има ваква машина.

Кажи ми само, колку време треба да помине пред да може повторно да се спие на душекот или да се седи на гарнитурата?
И дали се појавуваат флеки после чистењето, ми имаат кажано дека откако ќе се исчистат и исушат чистените места, знаеле да се појават како флеки?


Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3082
Одг: Чистење со Rainbow машина
« Одговори #5 на: 13 Октомври 2014, 12:59:47 pm »
Машината е закон, ќе те барам кога ќе треба!

Не ти текнало да понудиш и чистење на коли со ова? Размисли :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • хаУс мајстор
Одг: Чистење со Rainbow машина
« Одговори #6 на: 13 Октомври 2014, 13:27:28 pm »
Ејјјј ко кец на десетка ми дојде ова, баш викендов пуштив абер да ми најдат број од некој што има ваква машина.

Кажи ми само, колку време треба да помине пред да може повторно да се спие на душекот или да се седи на гарнитурата?
И дали се појавуваат флеки после чистењето, ми имаат кажано дека откако ќе се исчистат и исушат чистените места, знаеле да се појават како флеки?


Имам перено,после истото,останува мал дел влага која ако не истиот ден,следниот ја нема,се зависи од времето кога предметот е испран,значи поголемиот дел на водата и детергентот е собран со машината.Флеки до сега ми нема оставено никаде,се зависи и што детергенти се користат.Е сега на жалост тие детергенти што сум ги користел,неможам никаде да ги најдам,периодов ќе тестирам кој е добар,затоа нудам моментално чистење со тресење,усмукување како на сликите погоре.
@smole,што треба тука сме.За коли,имам на ум да,ама за коли идат посебни алатки,четки кои ги немам,а се надевам во иднина ќе ги купам.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
Одг: Чистење со Rainbow машина
« Одговори #7 на: 13 Октомври 2014, 15:08:39 pm »
Одлична идеја, браво! Good luck!

Си го запишав бројчето!

Не си свесен колку ми требаше во саботата! Ауу! :D Сум се изнаголтал прашина!

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5761
Одг: Чистење со Rainbow машина
« Одговори #8 на: 13 Октомври 2014, 15:23:29 pm »
Od shkupi si ili od drug grad od drzavava ???

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • хаУс мајстор
Одг: Чистење со Rainbow машина
« Одговори #9 на: 13 Октомври 2014, 15:25:28 pm »
Скопје.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Одг: Чистење со Rainbow машина
« Одговори #10 на: 13 Октомври 2014, 21:07:51 pm »
Оваа подобра е од Кирби? Кај мене праеа презентација еднаш, на нов душек колку прашина извади се чудев...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20699
Одг: Чистење со Rainbow машина
« Одговори #11 на: 13 Октомври 2014, 21:31:18 pm »
Кирбито е покомпактна и е со кеси-филтри. Реинбоу е троа поголемка и користи вода како филтер.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Чистење со Rainbow машина
« Одговори #12 на: 13 Октомври 2014, 22:49:33 pm »
Rainbow е добра машина за разлика од обичните правосмукалки ама нема подобра машина за чистење од Кирби.
Разликата од Кирбито и Реинбоу е како од Реинбоу и обична правосмукалка, едноставно нема споредба. :)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1925
Одг: Чистење со Rainbow машина
« Одговори #13 на: 14 Октомври 2014, 02:26:42 am »
Вода си е вода.

Инаку имаме дома Rainbow од доцни 90', машината е одлична. Како ги чисти душеците со тресалката, тоа е чудо :)

Ајде со среќа нека е работата.  ;)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • хаУс мајстор
Одг: Чистење со Rainbow машина
« Одговори #14 на: 14 Октомври 2014, 06:30:57 am »
Битното е дека и двете си ја вршат работата за која се наменети.Братучед има Кирби,го имам пробано и добро чисти,попрактично е,не е гломазно ко другава.Единствена предност во Раинбоу ја гледам во водата,лесно се менува за разлика од Кирбито,за кое треба да купуваш кеси и филтри и да ги менуваш кое прилично брзо се полнат.И двете си имаат мани и предности,но како што кажав,далеку подобри се од обичниве.