Симо, маслото се симнува веднаш, за минута-две маслото е 95% симнато во картер. Ако не се симнува брзо, ако се чека по 15-20 минути, тогаш маслената пумпа би останала без масло во картерот, не би имала што да влече од картер ако маслото останува горе во моторот и не се симнува.
Така да, гасиш мотор, за минута две што измериш на шипка тоа е. После половина час, час или неколку часа, ке се досимне и тоа што останало, ама тоа е мала количина, вака одокативно би рекол докај 200 милилитри, ништо значајно што би направило разлика.