Чорапите се здраво усмрдени за да држат топло. Ладно е во Охрид навечер во овој период од годината. Да не зборам дека комраци ме касаат кога сакаат да се начукаат. Работата беше исцрпувачка по што неопходна беше 24 часовна рехабилитација.
Инаку на камен-темелникот од проектот „Скара 2011“ треба да се налева вода уште денес. Здравје, утре пристапуваме кон монтирање на мермерните плочи и вградување на скарата. Подоцна откако ќе направиме бета тестирање со ражњичи, кременадли, колбаси и ќебапи, и откако ќе се увериме дека скарата ги задоволува сите Блакански нормативи и стандарди, ќе ораганизираме калберски групов облик на правење скара во придружба на шопска и домашна.
Очекувајте и слики во прилог од монтажата и тестирањето.
@maci Чорапите ми се ножна изработка од домашно производство - Стружанка. Имаат мал процент на синтетика за да смрдат на подалеку. Многу добро се укомпонирани со папучите. Инаку папучите се марка Бумеранг кои воедно беа папуча на годината 2008 во Македонија, па не е ни чудно што и ти имаш исти такви.