Автор Тема: Проект: VW Beetle 1200 1967  (Прочитано 24785 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Проект: VW Beetle 1200 1967
« на: 29 Септември 2014, 01:04:42 am »
Мојата прва кола и мојот прв проект на средување/реставрација - VW Beetle 1200cc од 1967 година.

Пред да ја земам планот беше да се потсреди ентериерот и да си ја возам. Од кога ја зедов и видов во каква состојба е се одлучив дека нема возење без да се среди како што треба.

Слика пред да почнам со расклопување (штета што не ја сликав со апаратот)


Почнав со расклопување


Извадени седишта и тапацири



Баба ја возела


Извадени и задни крила




Предницата е во катастрофална состојба, и кај десното тркало недостасува амортизерот  :-X


Повеќе слики на: http://imgur.com/a/9W7UM

Како што гледате, си има голем проблем со корозија. Аматерски крпена од внатре и надвор, врз оргиналниот под заварен уште еден лим, лево крило и подкрило полни со кит и слични глупости.

Почнав од надвор полека да го вадам китот и да ја тргам корозијата. Купив брусалица и камен за шмирглање. Левото подкрило го симнав до железо, а левото крило само го започнав. Тоа е во најкатастрофална состојба и незнам колку ќе се спаси. Праговите не се оргинални и сигурно нема да ги вратам на кола, туку ќе купам нови.

Ентериерот е во катастрофална состојба, но за него ќе размислувам на крај. Сега важно ми е да ја елиминирам корозијата од каросеријата за да не продолжи да се шири. Следно е да се раздвои каросеријата од шасијата и да почне да се средува шасијата.

Во меѓувреме ќе направам комплетно нова инсталација, бидејќи сегашнава е само за во ѓубре.

На сликите можете да видите дека купив 750 kg скапано железо, но се надевам дека полека-полека ќе почне да личи на кола.  :D

Би требало во скоро да имам друга предница, подобра од сегашната, меѓутоа и нејзе ќе и треба малку крпење.

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Проект: VW Beetle 1200 1967
« Одговори #1 на: 29 Септември 2014, 01:44:36 am »
Доста работа но имаш многу повеќе оптимизам од тоа. Само напред, еден ден ке се сеќаваш што било, со насмевка :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Проект: VW Beetle 1200 1967
« Одговори #2 на: 29 Септември 2014, 14:11:41 pm »
Не е се злато што сјае :) ама мислам дека има спас. Треба соодветно да се третира металот и ќе се среди се како што треба. Сум гледал поочајни шасии и се оправале.

Не се сеќирај само треба труд и малце повеќе кеш :) ама не е страшно. Има делови за буба за секој џеб ( и тоа нови ).

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Проект: VW Beetle 1200 1967
« Одговори #3 на: 29 Септември 2014, 16:52:52 pm »
Se se prai ama ako cekas na majstori nisto :)

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Проект: VW Beetle 1200 1967
« Одговори #4 на: 29 Септември 2014, 17:53:16 pm »
Со здравје да се средува. Еве нешто инспирација за ентериерот http://www.oldschoolhr.com/forum/index.php?topic=8207.0 :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Проект: VW Beetle 1200 1967
« Одговори #5 на: 29 Септември 2014, 18:34:44 pm »
Se se prai ama ako cekas na majstori nisto :)

Нема ни да чекам, секако со парите што ќе ги давам по мајстори ќе си купам алат, ќе научам нешто, а секако тука е и личната сатисфакција.
 
Проблем се парите, неможам се да купам одеднаш. Како што ќе имам пари така ќе купувам алат/делови. Друг проблем е времето односно обврските на факултет кој не сакам да го запоставам и ми е во прв план, така да најчесто ќе работам за викенди.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Проект: VW Beetle 1200 1967
« Одговори #6 на: 29 Септември 2014, 22:59:56 pm »
Odavna ne sum videl crvena buba :) srekjno, samo napred :)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Проект: VW Beetle 1200 1967
« Одговори #7 на: 29 Септември 2014, 23:44:10 pm »
ќе ја чуваш оригиналната или ќе правиш нешто по мерак?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проект: VW Beetle 1200 1967
« Одговори #8 на: 29 Септември 2014, 23:46:32 pm »
не е интересно кога имаш пари

јас барем така се тешам :D

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Проект: VW Beetle 1200 1967
« Одговори #9 на: 30 Септември 2014, 19:26:25 pm »
Se se prai ama ako cekas na majstori nisto :)

Нема ни да чекам, секако со парите што ќе ги давам по мајстори ќе си купам алат, ќе научам нешто, а секако тука е и личната сатисфакција.
 
Проблем се парите, неможам се да купам одеднаш. Како што ќе имам пари така ќе купувам алат/делови. Друг проблем е времето односно обврските на факултет кој не сакам да го запоставам и ми е во прв план, така да најчесто ќе работам за викенди.

Taka jas si go kupiv co2 to pa ete pogledni kaj mene u tema :)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Проект: VW Beetle 1200 1967
« Одговори #10 на: 30 Септември 2014, 21:51:08 pm »
Taka jas si go kupiv co2 to pa ete pogledni kaj mene u tema :)


Да, да видов. Одлично. Секако после проектот ќе ти остане. :)

Што пари и од каде?

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Проект: VW Beetle 1200 1967
« Одговори #11 на: 01 Октомври 2014, 18:00:29 pm »
34 000 aparatot + zica i boca iskoci okolu 38 000 od merkur :)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Проект: VW Beetle 1200 1967
« Одговори #12 на: 01 Октомври 2014, 19:31:32 pm »
Машала. Се наоѓа апарат без боца за ~400 евра?

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Проект: VW Beetle 1200 1967
« Одговори #13 на: 01 Октомври 2014, 22:20:31 pm »
јас мојот го земав 23.000 Iskravar MIG 190,котур жица беше негде 700ден и боцата ми ја дадоа така ама од 30е нагоре зависи од големината,ја сум презадоволен од апаратот сега за сега

Отсутен aleksandar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 340
Одг: Проект: VW Beetle 1200 1967
« Одговори #14 на: 01 Октомври 2014, 23:13:50 pm »
Можиш и полвен јас искра 220 ампери комплет со боца го купив 11.000ден. Апаратот си ја брка работата до сега без проблеми.