Мојата прва кола и мојот прв проект на средување/реставрација -
VW Beetle 1200cc од 1967 година.
Пред да ја земам планот беше да се потсреди ентериерот и да си ја возам. Од кога ја зедов и видов во каква состојба е се одлучив дека нема возење без да се среди како што треба.
Слика пред да почнам со расклопување (штета што не ја сликав со апаратот)
Почнав со расклопување
Извадени седишта и тапацири
Баба ја возела
Извадени и задни крила
Предницата е во катастрофална состојба, и кај десното тркало недостасува амортизерот
Повеќе слики на:
http://imgur.com/a/9W7UMКако што гледате, си има голем проблем со корозија. Аматерски крпена од внатре и надвор, врз оргиналниот под заварен уште еден лим, лево крило и подкрило полни со кит и слични глупости.
Почнав од надвор полека да го вадам китот и да ја тргам корозијата. Купив брусалица и камен за шмирглање. Левото подкрило го симнав до железо, а левото крило само го започнав. Тоа е во најкатастрофална состојба и незнам колку ќе се спаси. Праговите не се оргинални и сигурно нема да ги вратам на кола, туку ќе купам нови.
Ентериерот е во катастрофална состојба, но за него ќе размислувам на крај. Сега важно ми е да ја елиминирам корозијата од каросеријата за да не продолжи да се шири. Следно е да се раздвои каросеријата од шасијата и да почне да се средува шасијата.
Во меѓувреме ќе направам комплетно нова инсталација, бидејќи сегашнава е само за во ѓубре.
На сликите можете да видите дека купив 750 kg скапано железо, но се надевам дека полека-полека ќе почне да личи на кола.
Би требало во скоро да имам друга предница, подобра од сегашната, меѓутоа и нејзе ќе и треба малку крпење.