Автор Тема: VW BORA 1.6 SR  (Прочитано 11189 пати)

Отсутен NITRO

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
  • VW - DAS AUTO
VW BORA 1.6 SR
« на: 11 Септември 2011, 01:22:00 am »
Пријатели и пријателки, еве и јас да си го претставам миленичето  ;D
VW BORA 1.6 SR (прва регистрација 29.11.2002 год.)

Мотор:
зафатнина: 1595 ccm
сила на моторот: 102 PS (75 kW; 101 bhp) @ 5600 rpm
torque: 148 N·m (109 lb·ft) @ 3800 rpm
Менувач: 5-степен мануелен
Максимална брзина: 195 km/h
Километража:
130000 км

Колата е купена од Скопје - ПОРШЕ Македонија (Sa&Sa старо)
Kолата никогаш не е удирана.

Опрема:
Алесио Калифорниа бандажи 16"
Гуми Good Year Excellence 205/55/R16
Гуми Dunlop Wintersport 3D 205/65/R15 (за зима со челични 15")
Електрика на сите прозорци
Електрика на ретровизори
Електрично отварање на поклопецот за гориво
Држач за чаши напред
централна брава со далечинско отварање
клима
АБС
х2 airbags
Висинско подесување на волан и седишта
Фабрички затеменети стакла
Трето штоп светло
Висинско подесување на фаровите
BI-XENON HID 6000К
Озвучување Pioneer МОСФЕТ
внатрешност во две бои сива/црна (одлично сочувана)
Табла и електроника: работат во совршен ред.

Потрошувачка: град 8,5-9 со културно возење, на отворено 7-7,5.

Еве и некоја слика.
Поздрав до сите. (некои ќе ме препознаат, а другите ќе ме запознаат ;))









Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: VW BORA 1.6 SR
« Одговори #1 на: 11 Септември 2011, 01:25:35 am »
Добродојде најпрвен не ни  се престави , изгледа не си бил гладен ама нема везе ;D
Борава е стакло се гледа дека е чувана :D
Сега Нуме (роки) ќе улета и ќе ти каже телевизор позади да си ставиш . ;) ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: VW BORA 1.6 SR
« Одговори #2 на: 11 Септември 2011, 01:26:41 am »
Здраво, и добредојде! Одлично возило имаш, едно од моите омилени. Јас би целел на 1.9 ТДи, но океј. Ако ти е навистина таа потрошувачка, претпоставувам дека живееш во Ѓорче и работиш во Карпош 2. :) Поздрав и кажи ни што ти е во план за во иднина!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: VW BORA 1.6 SR
« Одговори #3 на: 11 Септември 2011, 01:30:00 am »
Здраво колега. Одлична е боркица, се надевам уживаш додека ја бараташ. :D
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен NITRO

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
  • VW - DAS AUTO
Одг: VW BORA 1.6 SR
« Одговори #4 на: 11 Септември 2011, 01:45:55 am »
Ви благодарам за коментарите.

DareBmw:Пропуст мој за претставување, видов на мени имаше печење, ракија, мезе салата, и торта  ;D
Бората на Нуме ја гледам низ Скопје, мислам дека он ја има најубавата Бора во МКД (мотор,стил,додатоци,итн.). Топ му е скоцкана. Само пофалби за него. Глеав еден ЛЦД 26 инча, таман за кино позади  ;D

Deni:1.9TDI се сложувам, ама количево убаво ми налета пред една ипол година, супер цена, не можев а да не го купам, плус јас за мој мерак си го потсредив и го терам низ Скопје, МКД и балканов  ;D
План, еве со колега gOJDO планирав да ставаме клима фолии, он стави ама јас му откажав (сега ќе ми врати).
Сакав позади да ставам две спортски цевки на издувите, и еве нешто ја читав темата за плин (ај честито gOJDO на Мазда 6 плин), па може нешто тоа да инвестирам најново. Ќе видиме.

Поздрав

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Одг: VW BORA 1.6 SR
« Одговори #5 на: 11 Септември 2011, 01:54:19 am »
Добредојде Nitro.

Убава е Борава, а и како што можам да приметам од сликите во одлична состојба :)
Never drive faster than your Angels can fly.

Отсутен NITRO

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
  • VW - DAS AUTO
Одг: VW BORA 1.6 SR
« Одговори #6 на: 11 Септември 2011, 02:04:07 am »
Фала Schmitt.

Тајната на естетското одржување на количево (SONAX, EAGLE ONE, TURTLE WAX)






Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: VW BORA 1.6 SR
« Одговори #7 на: 11 Септември 2011, 03:07:25 am »
Количето е фабрика !!!
Забелешка:
Да си ги исфарбаш шепите од кочниците и ке си земиш едно вакво за чистење на дисковите... не ги личи вака зарѓани  ;)

Wurth, saBesto Bremsenreiniger


Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: VW BORA 1.6 SR
« Одговори #8 на: 11 Септември 2011, 03:23:26 am »
Еј... Борава- СИЈА!

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: VW BORA 1.6 SR
« Одговори #9 на: 11 Септември 2011, 03:57:42 am »
Заборајв да напишам...
Ептен лични коли ми се спрема пасат, гољф...
Посебно со Sleepy Boser хауба  ;)


Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: VW BORA 1.6 SR
« Одговори #10 на: 11 Септември 2011, 04:21:39 am »
и немам видено позачувана Бора... Искрено ... И интериер, и екстериер, и бандаж и боја  ...

Воедно, добредојде во најплуканото семејство на форумов, одма по Алфа, VW ... :D

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: VW BORA 1.6 SR
« Одговори #11 на: 11 Септември 2011, 08:51:52 am »
Одлично претставување, уште поубаво количе! Добредојде!

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: VW BORA 1.6 SR
« Одговори #12 на: 11 Септември 2011, 09:29:11 am »
Не да е сочувана колава,браво и добредојде..

Те очекуваме накај 12 кај СЦ Борис Трајковски на собир..
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: VW BORA 1.6 SR
« Одговори #13 на: 11 Септември 2011, 10:10:05 am »
Излгеда перфектно, бандашите се ко правени за Борава.

Отсутен mrmut

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 731
    • http://VisitsToMoney.com/index.php?refId=601060
Одг: VW BORA 1.6 SR
« Одговори #14 на: 11 Септември 2011, 10:40:24 am »
Добро изгледа а и чувана е се познава