@Zoki-Pet
Браво за постот. Многу конкретни совети и препораки.
Во контекст на муабетот и јас пред извесно време се најдов на крстопатот нов или стар автомобил. Единствено нешто кое ме одврати од нов автомобил беше драматичното опаѓање на цената на новиот автомобил. ...
... Мислам дека тогаш ќе ја дадам 5500 - 6000, т.е. дека ќе изгубам околу 4000-4500 евра што е драстично помалку од 11000 евра кои за ист временски интервал ги изгуби првиот сопственик.- 2:0
Драго ми е што и двајцата сме избрале идентичен пат до половно возило и не воделе исти аргументи. И во периодот на експлоатација имаме идентично искуство - без никакви значајни и непредвидени трошоци од дефекти. А бидејќи имаме „заштеда“ од 10к+ во однос на цената на ново возило, тоа се приличен број на плочки, каиши, затегачи кои тешко да ги потрошиме во следните 100-тина години

Прилично се потрудив да пренесам едно видување и искуство и да им помогнам на сите кои допрва ке се најдат во дилемата „Половна кола VS Нова кола“.
Драго ми е и што откако го прочитав твојот пост сватив дека подобра потврда не можев да добијам. Ти благодарам што и ти го сподели твоето искуство и ти посакувам уште многу безгрижни километри.
А за сите оние кои мислат поинаку нека ги споделат со нас нивните искуства со продажни салони, преговори, попусти, подароци во опрема, редовни и вонредни сервиси, цена на препродажба и се останато со што ке ги разуверат останатите членови во нивната дилема.
резултатот на полувреме:
Половна кола VS Нова кола - 2:1@Deni & @Carrier166
Благодарам и на вас
Ако имате и ваши искуства добро е да ги споделите со нас, без разлика дали се добри или лоши
П.С. Еве без мака пронајдов три кандидати за добар дил.
http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/624760?searchID=4916822&Idx=14http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/591846?searchID=4916822&Idx=31http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/654335?searchID=4916822&Idx=6Упс, на ова не можев да одолеам, едно митско возило кое држи цена како во приказните, особено ако си прв газда и го купиш од салон...
http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/641627?searchID=4916822&Idx=61Напомена: возилата на огласите ги наведов само како пример. За ниедно од нив незнам ништо подетално од тоа што е наведено во огласот и не гарантирам за нивната состојба и исправност - да не ги купи некој на слепо, па после „ти ми рече“
Сепак, заради рекламирање, сопствениците на гореогласените возила по заверувањето на купопродажниот договор Ги замолувам, кебапи и пиво за членовите на форумот