@Stratro
Хахаха искрено те чекав да ми се обратиш!

Признавам, потпуно си у право за времето поминато над хауба (можда и кичмата ми е сјебана делимично од тоа

) АМА не ради некоја мака што сум имал туку да добијам киловат-два повеќе, пред се од ентузијастичка гледна точка, ама и од една жална вистина дека немав уште 2000 евра у моментот да дојдам до она што вистински го посакував и да си ги скратам (или бар намалам) овие „слатки“ маки. Значи мене ќе ме уништи болната мегаломанска амбиција, побудена од економските (не)прилики и мојот тренутен општествен статус. Трето, факт е и дека сум сервисер и дека цел мој живот уште од дете (значи ќирак, па калфа и тако даље све по ред) нешто чачкам по дома, комшии или некои фирми (прво туѓи, па и мои). Замисли сеа ситуација да морав поред сите овие мои опсесии да се занимавам уште и со поправка на Астрава, за која не само што ги дадов сите пари што ги имам, туку ги дадов и тие што ги немам, па после го кркав стапот...ја си знам

При тоа, да не правам муабет и за моето моментално здравје, па да ја искористам приликава и уште еднаш да му се захвалам на marsher и неговиот тим, за несебичната подршка која ми ја укажува, како на секој можен план поврзан со одржувањето на Астрата.
Возев половна Пеглица, Дијана, Фиќо и Форд и можам слободно да ти кажам дека и поред тоа што ми се погодија (првите две-три години), понатаму дадов пари за поправки со кои ако ги собереш ќе купев сигурно ново ауто!
Ова само ми ја потврди тезата на народната изрека дека „Не сум толку богат да возам стара кола“, или сиромавиот (и глупиот) два пати плаќаат, како и мудриот одговор на Форд на прашањето КОЈА Е НАЈДОБРАТА КОЛА

- НОВАТА !!!
Ги знам твоите залагања и размислувања, не заради што претходно ги изложи, туку и од други претходни дискусии на овој и на друг форум и истите ги почитувам, пошто секој одлучува за сопствената иднина - НО, да не им го переме мозокот на другите дека нешто што некој од некои (само за него) познати причини го исфрлил од употреба е боље од нешто ново со незнам колку години гаранција или сл. ПОГОТОВО ако тоа нешто НОВО ти ги задоволува твоите лични потреби во зависност од својот карактер, нели? Некому тоа е од точка А до точка Б, но за некого е нешто повеќе!
ЗАКЛУЧОК !!! Не е проблемот во желбата за нешто ново или старо, туку проблемот е само во ПАРИТЕ т.е. проблем нема, пошто се НЕМА ПАРИ !!!