Ах бре Македонче...пусто нели треба да си го измериме со комшијата па затоа нашата кола треба да биде поголема и по гаст'рбаjтерска од на комшијата.
Какви се ѓубриња не се изнагледав по градов платени од 10 до 20 000 евра и извозени канти на насмеани сопственици, оставени кај комшијава на полирање.
Пос слободна проценка 80% од нив имаа поминато над 300 000 км иако сопствениците се колнат дека имаат под 200.000, небаре они ги купиле од салон.
Кога ќе ги прашаш газдите...Неееее ја проблеми со кола...цццц...никад...нема везе...коска е.
Да, ако тропнеш на каросерија стварно е коска, бидејќи нема повише од 5 години старост и нормално да има камен каросерија зашто е БМВ, Мерџо или во најмала рака некој Пасат.
И која е логиката да дадеш 15.000 евра за извозена кола долга 17 и пол метра за да си го измериш со комшијата а за тие пари да не си купиш рецимо нов Голф ?
Амбасадор да не си или женската твоја да не му е ќерка на племиелот?
Абе ајде ви се молам....сите го занемарувате тој момент и никој нема муда да го каже.
Шо тоа колиштата на метро шо ги донесоа демек оти многу убави се затоа ли ги купија?
Убави се ако се нови...се што е старо донесено од странство е извозено....и е во најмала рака мачка во вреќа.
Ако чинеле тие коли они ќе си го возеле, немало да ги продаваат.!
Возат 3 години прават 300.000 илјади и чао...Лапај Македонче Колиште за без пари?
Без пари?
Па не знам дали е без пари кога ќе лупнеш 16 комада за БМВ и курот ќе му го пукнеш на комшијата како си купил авион за многу ефтини пари со опрема како кокпит од малзен ловец и после неколку илјади километри ќе го врзеш за багремот во двор оти моторот напросто рикнал...дооодил...више уље него бензин...а бензин 20 литра.
И ќе си лупнеш уште 5 до 6 комада за да донесеш здрав мотор од Имачка (моториште) и по мајстори овде онде и после си раат бар за наредните 3 години.
И кога ќе видиш....за 20 и кусур комада можеше да си купиш Гланц Нов Форд, Оpel, VW, Mazda, Honda, Toyota и тн. и да си уживаш и ич курот да не ти чуе за проблеми.
Е да ма за 20 овде ќе купев нешто од компакт класата максимум и немаше да биде наметро кола со премиум бренд како Мерџо или БМВ туку ќе беше нешо стандард па аналогно на тоа на комшијата ќе му беше поголем од мојот.
Јас се извинувам ако некој се најде погоден ама тоа е мислењето на 90 % од луѓето...со чесни исклучоци на некои членови на форумот.