Кај нас има претставник на Optima германска фирма специјализирана за предници, со многу добар квалитет.
Пример, кај Пежо 307 стабилизаторите се од пластика , а тие од Оптима се од метал.
Башка, Made in Germany
Морам да ти реплицирам на погрешната констатација...Мислиш дека фабричките стабилизатори се случајно пластични на 307? Не...Многу си грешка...Исто така и на 306-ка се пластични и замената по каталог е пластична...Но ти можеш да ставиш метални, но...Тие се од берлинго, 206-ка итн...
Значи не е се важно дали е мејд ин германи, него е важно да се знае зошто нештото е такво какво што е... Небитно, да не се упропастува темата..
Во врска со Фиат и со италијански возила...Јас имам Фиат Добло JTD и неможам ама ич да се пожалам како од предницата така и од моторот...Единствена мана е што во град со малку поагресивно возење троши од 8,5 до 9 литра, а на отворено околу 7,8 до 8,6 со одлично газење, а со нормално возење не повеќе од 110 км на час потрошувачката знае да падне и од 5,7 до 6,5 литра...
Во поглед на предница немало никаков проблем...Единствена маана е што е релативно тврдо и возењето е не баш пријатно...Но сепак е комбинирано возило, па така да и разбирам зошто е тврдо...И трета негативност покрај потрошувачка и крутост е неудобното седиште, односно неудобни седишта во целост...При патување замара и пречи комплетно целото седиште...Газот ти е некако пропаднат а долниот дел од бутовите подигнат и по подолго возење се осеќа укоченост и замор...
Тоа не е случај со другиот односно постариот модел на ДОбло, кое за разлика од ова има 100% поразлично возење..Удобно, со поудобни и поанатомски обликувани седишта...Мотор од 1,9 кубни цм дизел, на кој за 150к км му е ставена трета бош пумпа :О