Да пишам збор два за колава што се случуваше изминативе 5години одкако е со нас и одкако јас ја возам од октомври навака:
- Сменети плочки на сите 4 кочници во 2014 (ги има во првиот пост) и сеуште се возат истите не мие јасно како сеуште не се потрошени. Значи Феродо се закон.
- Сменети задни чаури
- Репариран алтернатор одкако светна акумулатор на шалтабла
- Неколку пати каишот излета на крај излезе дека некое црево капело нафта на него и така се реши проблемот од тогаш е супер
- Сменети предни чаури летово и центриран заден и преден трап
- Прошлото зимо си доби нови Сава ескимо зимски сега им е втора сезона како се возат
- Летоска си доби и нови Матадор летни
Од 10 ти месец навака како што го продадов BMW то и ја возам оваа прво го сменив акомулаторот (на 10.10.2019) претходниот траеше 5години.
На 29.10.2019 Сменети држачи на мотор Febi
Термостатот што се гледа на сликата е утнат. Тој што беше на колата наводно не чинеше не креваше температура. Купив друг го сменив пак исто купив уште еден пак џабе. Од понеделник пак по мајстори и ќе го барам проблемот на друго место некако мие сумливо дека 3 термостати се неисправни а нови.
Моментално колата е со 230 000 км (можеби) односно тоа е тоа одприлика што се случуваше додека е кај нас во фамилија изминатите 66 500км.
Во план мие понатака на пролет превентивно да ги заменам водната пумпа и затегачот. Имам и други планови но ништо итно