Се опраи малце времето и дојде време и јас да ја претставам мојата кола која што ја купив пред едно 2 месеци:
Opel Astra H 1.6 115hp
Година на производство: 2011 Прва регистрација: 2012
Купена со 8600 км. Моментално има 9700.
Од опрема има:
- Автоматска клима
- Темпомат
- Централна брава
- Електрика на предни прозори
- Електрика на лев ретровизор
- Фабричко радио со ЦД/МП3
- Команди на волан
- Подесување на волан
и останата стандардна опрема
На 9000км направен е сервис. Сменето е уље(ГМ), филтер за уље, филтер за воздух и филтер за полен. 3900 денари.
Досегашни проблеми:
- Акумулаторот цркна 2 дена од кога ја купив колата. Уште при проверка во ауто македонија мајсторот ми кажа дека тој акумулатор не е фабричкиот со оглед на тоа дека колата е релативно нова. Купив нов Exide 4300 денари.
- Откако ми легна колата со возење после неколку дена приметив дека при промена на брзините обртаите се зголемуваат за 100-200. Значи кога ке го стиснев кумплугот прво ќе рипнеа обртаите па тек после ке почнеа да се намалуваат. Во зависност од колку агресивно се вози колата истите можеа да рипнат и до +500 обртаи. После тоа видов дека не работи и темпоматот. На интернет прочитав негде дека може да е clutch switch(прекинувач на кумплуг). Исто видов дека и компјутерот фрла грешка за расипан прекинувач на кумплуг. После визуелна проверка на прекинувачот видов дека кога е отпуштена педалата не го притиска прекинувачот туку доаѓаше точно до него. Земав едно мало парче пластика и секундарен лепак и го залепив на педалата за да биде малку испакната на тоа место. И колата се препороди. Сега работи како што треба. Ова го пишав затоа што прашав 2ца мајстори кој што ме убедуваа дека clutch switch-от има улога само во работата на темпоматот, но излезе дека не е така, а гледам и доста луѓе што имале таков проблем на интернет го решиле со промена на прекинувачот.
И за на крај како што е редот и некоја слика:
Плановите за во иднина може да ги видите на следниот линк
http://www.corsasport.co.uk/board/viewthread.php?tid=561884Поздрав