Како прво се пријавивме со другарче со неговото возило Застава 101 1972 рат изглед. Не е којзнај шо но прилично кул изгледа. Нема врска колата битно колата доби зелено светло од организаторот дека е добра и рече дојдете. Другар ми се закрена од Скопје, ме зеде мене од Битола и заминавме заедно Охрид. Стигнавме се паркиравме со другите возила. По едно пола саат дојде организаторот и рече дека колата не била за изложба, но можи да останиме да престојуваме. Добро ако колата не е за изложба зошто рече да ја дојсиме и да правиме пат од 250 километри само за да стигниме до таму ? Ни рече возилото да го префрлиме на другиот крај. Ја префрливме на другиот крај и седнавме на клупите. Бидејки возилото си е уникатно на некој начин се собраја многу луѓе околу него и прашуваја за него. На сето тоа организаторот ни рече да го одстраниме од паркингот за да не го гледал воопшто. Во ред рековме ке го одстраниме возилото и ние заедно со него само да ни кажи кај треба да престојуваме.
То беше првиот дел. Ни рече дека за 5 минути ке дојди чоек да не однеси до местото каде што треба да престојуваме. Не дојде за 5 минути, помина саат и полл. Престојот немам збор. Вистина на кеј на езерото ама внатре ... три кревети во соба и четири ѕида, толку. Ни телевизор, ни вифи, ништо. Хотел промаја кој мириса на муфла. Ми зеде лична карта и си замина. Реков успат да се истуширам но не бидна ништо и од то. Топла вода немаше, немаше ни крпа, ни сапун ништо. Добро е казанчето работеше. Да не го спомнувам арогантниот однос на организаторот. Така решивме да си одиме дома.
Нормално тука не беше крајот. Го барав организаторот да ми ја врати личната карта. Него нигде го немаше, прашав на рецепција личната карта не беше таму и си заминав. Среќа по два дена успеав да го исконтактирам па рече ке ми ја пушти. Еве помина цела недела, никој не крева на телефон, а лична карта нема стигнато. Епа шо да кажам повеќе ?
Незнам само како се осеќаа учесниците дојдени од Србија и Бугарија. Рачунај некој напрајл пат од 600-700 и повеќе километри од правец за да учествува и да спие во дупка каде што нема ни топла вода. Се осетив изигран, понижен и премногу изнервиран. Па да секоја чест одлична организација преубо си поминавме, типично македонски. Толку имав да кажам.
Едит: Конечно да крени некој на телефон па ке ми ја пуштеле личната карта ...