Ако може да се пронајдам во муабетот, само во поубава варијанта е што лани правевме муабет за Суперб Караван во кој заден дел со спуштени седишта ќе се стави душек со димензии 140цм на 180цм и да може комотно да се спие внатре со соборени задни седишта. Ако би сакал да се користи креветот, да се дотури туле одозгора на колата за багажот (или да се стави товарот врз душекот, па да се вади) зошто на каравани, тулето одлично си доаѓа. Значи зборувам за прописен домашен душек, дормео, со летвички од доле. Не на дување.
Од поглед на практичност, тоа ми беше мене замислата. Седнеш, возиш до плажата, се маткаш, па утре на друго место, и така натаму. Без распакување на ствари, без распакување на шатори. За викенд совршено итн.
Е сега ова е варијанта на тој муабет со шаторов. Значи спомна спиење во колата... Значи ако во Суперб собира 180цм душек, незнам колкав ќе собере во CRV. Верувам помалку, и незнам дали е практичен тој момент веќе со кревет внатре.
Значи одиме на шатор, барем за 3ца (ако сте двајца). И тоа би било тоа, колата слободна.
За да заштедиш на големината на шатор, ќе си ја блокираш колата, за да неможе или да се отежни употребата нејзина. Што не е некако логично. На пример спие госпожата, а ти си станал како и секогаш 2 саата пред неа, и палиш колата одиш до пекара свежи ствари, од пиљарата свежа салата и доручекот е готов. Тоа ми е негативност, е сега ако ти носиш точак (зошто љубиш) тоа би се анулирало. Обично сите по камповиве со големи приколки се на точак базирани, баш од вакви причини, да не палиш кола.
Друга ситница се отворите, во шатор секогаш треба да е што е можно позатворено, и сите дупки да се со мрежа за да не ти влезе мечка - овај инсекти. Јас дома неможам без мрежа (во близина на паркот), а камо ли во камп, а уште покамоли во полудив камп. Дали се затвора шаторот убаво за да не влегуваат штетници, или не? Ситна, но битна карактеристика.
Прашањето е „дали нависитна си помагаш со врзување на колата со шаторот, или си одмагаш“?