@petarblazevski: Ако 500-600 евра ти е премногу скапо за одржување на Audi, тогаш дефинитивно колата не е за тебе. Реално, би буџетирал најмалку 2 пати по таа сума за прописно стегнување, можеби и три пати.
Редовен сервис (не во официјален сервис, секако) ќе те чини нешто помалку од 100 евра. Поголем сервис (каиши, затегачи, водна пумпа, итн) ќе те чини околу 300 евра.
Бидејќи колата е 2007-ма година, веќе ќе треба да се провери подвозје, предница, амортизери, ово-оно. Тука веќе работите стануваат скапи.