пежото мое доби скопски таблици вчера, после 4-5 месеци одкако е купено... а на денот кога е купено, на истиот ден е и купопродажниот договор... значи, договорот беше стар скоро пола година, па вчера зедов нови таблици, одкако претходно (неколку дена) ги одјавив претходните и никому ништо... ни казна ни бутур...
но секако, николаББ кога рече казна, мислеше на нешто друго, не на таблиците.. мислеше на начинот на управување на возило (мотор, кола, камион итн итн..) неможеш да возиш возило на туѓо име. едноставно неможеш законски... јас знам дека доколку ме запреше полиција, ако се заинати да го провери договорот кога е направен, ке ми опали казна за управување на туѓо возило без полномоѓно... за него договорот е валиден првите 15 дена.
значи да расчистиме... одкако ке купиш било што на тркала, и ке склучиш договор, првите 15 дена можеш да го возиш заедно со договорот кај себе, а тоа да биде законски... од 16-тиот ден па натака ЗАКОНСКИ СИ ДОЛЖЕН да го префрлиш на свое име. во спротивно како што ви рече николаББ... казничка во еврички броена...
Одлично објаснето ОНак.кажи ми само дали беше потребен човекот кога вадеше сега сообраќајна на твое име или само ја враќаш со купопродажниот договор.Исто и со таблиците?
Ако не ти е проблем тоа да ми го објасниш малку.
За тоа дека не смее да се вози возило на туѓо име запознаен сум и јасно ми е дека е казниво тоа.Но какао што кажав тоа и ми е небитно.и да ме застанат полиција ќе ме застане максимум 2 пати во два месеци.Ќе свртам повик и завршена работа.
ако се одјавува таблица од друг град, потребен е продавачот да се потпише во полиција при предавање на таблицата. потребна е и копија од купопродажниот договор, и исто така од технички потребна е таа зелената листа... за вадење нова таблица више не е потребен никој, туку сам со соообраќајната и договорот си идеш и си вадиш... препорачувам во псс да го направиш тоа или во било кој технички кај што има претставник на мвр.
ако менуваш само сообраќајна (значи има таблици што се од твојот град кај што живееш), тогаш само договорот и сообраќајната, одјавувања нема, стариот сопственик не е потребен за ништо (освен за на нотар нели да ти потпише договор)
како што реков, законски последици за закаснето префрлување на сопственост јас не видов на шалтер. законот вели 15 дена, но тоа веројатно е за сообраќајна полиција, ако те запре додека возиш, а заменување сообраќајна веројатно не. неможам со сигурност да тврдам, нешто за што не сум информиран, туку пишав од сопствено, ЕПТЕН ТАЗЕ искуство, т.е. од пред 2-3 дена.
а да... ако се одјави таблицата од друга град, ке треба да почекаш неколку дена додека да тоа влезе во системот. нема да можеш да вадиш таблица одма... во некои случаеви до 1 недела се чека... од скопје кон другите градови е 1 ден, ама обратно е бајаги подолго...
и време ти е да прекинеш со бош муабети
, сега си информиран што и како е законски, следен пост од тебе да биде со слика за купеното моторче...