Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Како моето југо55 нема друго Веднаш откако го купив му ја вратив километражата и тоа на 0 Истерав околу 150.000 за 8 години плус претходно што не се знае колку.Што пари фрлив на него, постојано нешто да се подобрувало на него, со тек на време мислам дека цело го имав расклопено Сам средував добар дел од работите, барем се додека немаше потреба од алат кој го немав, или знаење По неколку години, еден Американец сакаше да ми го купи за жена му, ама јас глуп, демек таман го имав средено...Подобрување:Фарбање, фолии, спуштање, дистанцери, гасни амортизери, широки гуми 175/60/13, спортски кожен волан, обртомер, економер, звучки во секое ќоше, музики, спуштање волан, брзиномер во милји, дополнителна изолација во кабина, сирена, и други џиџи миџи, плус многу труд да се открие крцкање во кабина и негово неутрализирање (крајниот резултат беше што сите се чудеа колку е стегната колата).Дефекти:Сет лагер, ламела, потисна, лагери на тркала со главини, гумена спојка на шалтер, карбуратор.Овие среќа со мала брзина: Гумица на балансштангла, изгубена кочница (плочка испадната), откорнат издув и дупнат резервоар (издигната шахта) "what doesn't kill you makes you stronger" Техничко одржување (проблеми)Лонци, рамења (се додека по совет ставав репарирани), сајла за рачна, манжетни, летање брисачи (на крај купив нов механизам со метлици на мутер), проблем со верглање кој се реши со релејче.И нормално тековно одржување при што мислам дека се живо се смени Единствено нешто што немав чепнато е моторот, освен штелување вентили.Уље никогаш немаше потрошено ниту грам, а првите години прилично беше тормозено Последната година во моја сопственост му турив и плинче.Ете, некогаш така се калеше челикот
Симо, Југото беше од најубавата берба, 89та
Yugo Florida
Прва вожња и учење на иста ваква Ладурка која ја слупав јако, па ја купи еден баце и баш ја видов пред некој ден уште се вози.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Цитат: miksi на 24 Јануари 2020, 18:36:10 pmYugo FloridaСо серво волан?