Ако се отпишуваш од државјанство иди и живеј во Бугарија. Никој никого тука со сила не држи да живее. И така пола Македонија си отиде. Ама утре да не чујам еј државава вака државава така, секој си го гледа својот гз читај ваќа џаде од тука, и тоа е ок ама не од таму после патриоти да ми се праите и да ми мудрувате како треба да се прави а како не. Имам такви и во поблиска фамилија и нив истото им го викам - у јабана си? Седи си таму и немој многу многу да мрчиш за тука кога си ја збришал. Немаш право на тоа. Гласај за меркели, камерони и слично и биди граѓанин од втор ред, бидејќи никогаш никаде нема да те гледаат како рамноправен со домородците. Колку и тоа некој да го прокламира, сум го видел и чул ова милион пати.
Тотално небитно.
Битно:
Мислиш дека имаш решение на сите проблеми и одговор на сите прашања.
Немаш. Точка.
Два збора за тебе - ГОЛИ ПАТРИОТИ.
Друго - се седи на две столици, и тоа како. Гледаш дека се седи. А твојот став по то прашање е тотано небитен. Имено, твојот настап е иритирачки - ти ќе им кажуваш на луѓето како треба, ти ќе правиш поделби на патриоти и непатриоти (предавници е претежок збор), и на крај - ти ќе ја управиш. Другар, искрено, нема да можеш.
Тоа што напиша дека **Постов не е наменет за никого лично** не те вади. Можеше само да речеш дека тоа не е во ред, и дека не ти се допаѓа. Ти ќе забрануваш одма.
Се нашло простор за таква манипулација (во недостиг на поприкладен збор) - па луѓето си користат. Што и како, не е ничија работа да коментираме. Извадил - извадил, тоа е тоа. Ти ги бркаш да живеат незнам каде, си им кажувал да си седат таму, незнам што.. Не е твоја работа тоа.
Јес да 90 насто од тие луѓе купија бесни колишта за курчење, ама не сите. Ти сите ги стави во ист кош.
Да те прашам - ако некој има пасош од Германија, или од Азербејџан? Ист ли статус имаат со оние кои имаат бугарски пасоши?
Златен, грешка ти е разбрано - никој не оди таму да стане човек, оди да извади некој денар и да се врати. Има и такви што остануваат, има и такви што се враќаат во полоша ситуација од претходно, пред да одат, а богами има и такви што стануваат луѓе таму, и имаат многу престижни работни места. Секој со к'сметот.
Неисе, да резимирам и прекинувам со дискусијава - твое е да си имаш став и да си го кажеш. Малку начинот, дикцијата и тонот да бидат покоректни, а не "јас не им давам ни ден да возат, иди таму, живеј, не се враќај". Тоа е тоа што не ми се допаѓа, и не е во ред.
Никој никаде нема да мрда од родното место, ако му е убаво. Сите бегаат од мака, и бараат излез за поубав живот. Не се сите среќни и успешни во животот, по тоа што ти го кажуваш.
Поздрав пријателе, и не им се секирај на тие што вадат пасоши. Нека вадат, кога се може.