Сите што јадете овде трици немате играно поважен натпревар од маалски фудбал или баскет до 21 на гимназија.
Ни еден од вас што овде јавно критикува ја нема почуствувано тремата, возбудата и одговорноста кај секој спортист што ја носи важноста на мечот.
Се фаќаат раце, нозе само кога ќе се слушне химната а да не зборуваме кога ќе дојде одлучувачки момент.
Имам играно неколку финалиња на плеј оф кај нас како и неколку натпревари за кадетска репрезентација на Македонија и знам што значи важен натпревар.
За да можеш тоа да го совладаш и бидеш посилен од него мораш да имаш во г'з неколку десетици такви натпревари.
Се до полуфиналето ние бевме аутсајдери скоро во секој натпревар и верувајте многу е лесно да играш во таа улога.
Никој не очекува ништо посебно од тебе и се што ќе направиш е плус.
Во полуфинале и борба за медали нема веќе аутсајдери...сите се токмоглави!
БРАВО за дечките.....Секоја ЧЕСТ!