конечно се собраа талентирани момци со ведар и позитивен дух со желба и мотив, таа желби и мотив многу фалат во македонскиот спорт. од секогаш сме имале потенцијал за добра кошаркарска екипа, земи помини низ маалава по скопје и у секое второ маало се игра баскет, така близнаците војдан и дамјан почнаа на улица, секој ден дечките беа на кош, секој ден играа и секој ден ги правеа партал останатите што ќе дојдеа на кош, беа упорни, имаа желба и мотив и еве ги сега каде се. за жал има многу страшни таленти кои што имаат желба и мотив а немаат средства или пак ја изгубиле таа желба и мотив поради нашиве смрдени клубови. дете од маало 16 години има растура, има неверојтна желба и мотив секој ден е на кош секој ден трча и тренира самојстојно и го прашувам кај игра ми кажуе некоја 16та лига и му викам зашо не играш у подобар клуб, зашто немам врски му беше одговорот зашто сопнати деца на "моќни" татковци играат а ја греам клупа, ваму вика барем играм ваков онаков клуб ама играм. ист е примерот и со другите спортови, за фудбал особено ми е криво со неверојатни деца, таленти сум играл и имам тренирано, и не успеале или поради средства или поради тоа што татко им не бил доволно моќен да им фати врски. треба малце државава да уложи и да превземе нешто во врска со спортот, треба многу да се вложи ама проблемот е што со спортот добиваме "само" промоција, а на нашите драги функционери не им е до промоција, до пари им е, што појше да лапнат. затоа не ни го бива спортот затоа што таму гледаат пералница на пари, а не фабрика на млади и успешни деца кои што ќе ја промовираат македонија постигнувајќи успеси на светско ниво