Мора ли ова тема и тука да ја има 
Основно: “Крсте Мисирков“ Ченто
Средно: “С.Е.Т.У. Михајло Пупин“ (а.К.а Коце Металец) - Дипломиран електротехничар за компјутерска техника и автоматика
Факс: “ПМФ“
Природно-математички факултет - Институт за Информатика - Интернет и мобилна технологија
Од оваа година се префрламе на “ФИНКИ“
Кко бе се прфрли на ФИНКИ?? Господ нека ти е на помош синко!

Професорите се супер на Финки, асистентите и демонстраторите жали боже... Програмата е како на приватен, и ќе се завршува исто како на приватен. Плати и носи диплома. Барем за новиве програми, сега го запишував братучет ми, знам. Инжињер што незнае физика, математика, електроника, електротехника, логички кола, дигитален и аналоген пренос, радиотехника, микропроцесорски системи, дистрибуирани системи... не е инжињер. Децава што ќе завршат, а 99% ќе завршат во најкраток рок, нема да имаат поим како работи било што во компјутерот или било кој склоп. Штампани програмери. Работна сила. Седи пред компјутер и скапи од куцање... Ги жалам тие на новите програми.
Топла препорака, ако некој сака да учи и да го биде у животот, вклучувајки екстремни количини на пари, со влог 0 денари, и 5 цели години од животот во греење столче, да се убие од шетање низ европа по се и сешто:
1. Електро-енергетски системи и уреди на Електро.
2. Конструктивно инжињерство на Машински.
3. Термичко инжињерство на Машиснки.
Кец у кец. 
Професорите се ужас, далеку од супер.
Асистенти и демонстратори убаво си кажа, ужас!
Најдоброто е што факултетот уште нема простории, немаат деканат, немаат канцеларии, немаат предавални, немаат училници, немаат лаборатории, немаат пари и најако е што немаат телефон за им се јавиш.
Јас незнам со кој памет некој ќе оди таму да се запиши на факултет. Таква му е политиката дајте вие пари, ама дека сме ние тазе факултет и ќе пуштаме така да си полагате и ооооп за 4-5 год ќе си имате диплома. ОДЛИЧНО!!
Само мене ме интересира каде ќе се вработат тие деца? Кој ќе ги прими на работа? Што ќе научат тие на факултет?
Затоа викам, тешко на тие што се запишаа таму, нека имаат виша сила на помош.