чекајте сега бато да ви објасне за финки од неколку аспекта меѓу кои и дека имав целосна стипендија на финки за бесплатно 4 годишно студирање (бре да се пофалам бев во 10 најдобри на натпреварите по програмирање во македонија) но не ја искористив. А и брат ми е демонстратор таму т.е. на пмф а сега веројатно ќе прави трансфер на финки ако има време и за тоа па и од таму знам по нешто а плус работеше и во министерство за образование до скоро па од таму најдобро знам.
Финки е добар проект. Но требаше прво да изградат соодветна установа со студентски дом до неа. Целосен студентски комплекс а не вака да се бутаат каде ќе најдат слободно место. Потоа пмф и феит не се целосно укинати но квотите се знаително намалени исто и рекламата за нив па цел им е да ги укинат за неколку години.
Голем дел од професорите се префрлени на финки ова го кажаа и на предавањата. Слушав 2 предавања за финки од кое едното на деканот што ќе биде.
И јас цело време сакав таму да се запишам но брат ми ми кажа дека ништо не било решено. Нити простории немале обезбедено како треба. Ќе се шетало од технолошки до пмф што и не е баш малку ќе губам многу време на преселби итн.
Потоа компјутери им доделиле од оние за школите што ги донесоа. Барале од министерството и овие само такви можеле да им дадат. А тие компјутери се што да ти кажувам.

И на крајот одлуката падна на факултетот за информатика во штип.