Значи... Баталете ги тие „мене никогаш не ми побарале“ муабети. Доволно е еднаш да побара џандар, и да немате, и да направи проблем, и да ве кошта дупло од тоа што сте заштедиле со невадење у прошливе 10 години. Едноставно, не треба на џандар да му се даде уште една причина да малтретира. Толку е едноставно.
Мене скоро обавезно ми бараат меѓународна возачка дозвола на презентациите на коли кога одам.
Ми се десило и грчки џандар да ми ја побара.
Само процедурата е глупава... Особено потребата за онакви мали фотографии ко за у пасош.. Каде бре у 21ви век да најдам такви? Цар ќе биде тој што за 150 денари плус ќе понуди сликање на лице место.