Здраво форумџии! Со намера сум да купам половен автомотбил сега во август. прв автомобил ми беше дизел, втор бензин, а сега третиов како ќе кажете вие, во германија од каде што сакам да ја земам сите дизели се DPF, а кај нас еуро нормата не значи и поефтина регистрација, а дефектот е скап... во размислување сум за следниве автомобили:
Honda Civic (ако е бензин би и ставил плин само незнам колку чини)
Golf 5 2.0 тди(мислам дека е преценет и ретки се примероците со помалку км за сумата што ја имам)
Мазда 3 143нр дизел
Субару импреца 2.0 бензин (лош ентериер)
Сеат Леон 2.0 ТДИ (ентериерот не ми се допаѓа)
Пежо 308 хди (симпатично со голем багажник)
Опремата не ми е битна, но добро е да ја има, силата на моторот ми е најважна, услов е да е барем над 120нр и да е добра за забрзување и престигнување. Поретко ќе ја возам јас, почесто сопругата, а бидејќи наскоро фамилијата ќе ми се дуплира не е лошо да има и поголем багажник. Ако администраторите не ја избришат темата се надевам дека ќе ми помогнете да направам правилен избор.
Се читаме