Како што забележувам, делот е специфичен за VAG групација, т.е. го има во Audi и Volkswagen, можеби и затоа нема стандардизиран назив на македонски за него. Доколку го бараш делот како половен, најдобро ќе биде со испринтана или слика во телефон да одиш кај растурачите и да ти го најдат.
Инаку flange на македонски се преведува како „прирабница“ (барем според Google), збор со кој прв пат се среќавам и никогаш не би го поврзал со автомобилите.