Автор Тема: Љубовта на мојот живот ми ги собра парите.Отварајте очи!  (Прочитано 38001 пати)

Отсутен Dando

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 339
Драги форумџии текстов го пишувам со цел да ве предупредам да не испаднете будали каква што испаднав јас,отварајте очи и пазете на кого верувате.Приказнава ја има денес и на вестите на Канал 5 и на повеќето македонски портали!
Знам дека повеќето ќе си речете дека сум бил слепец,дебил и што уште не зошто сум и верувал ама нека е проклето јас ја сакав и и верував на таа личност.

„Во периодот на ноември месец 2008 год. се запознав со Кристина Aтанасовска во хотелот Холидеј Ин, каде веќе долги години работи нејзината мајка Станка Атанасовска (коучесник на криминалот). Неколку дена пред новата 2009 год. околу 26 декември станавме дечко и девојка и почнавме врска. Во тој момент Кристина Атанасовска работеше во продавница во ТЦ Бисер (бужутерија) во сопственост на татко и Чедо Атанасовски. Во првите две и пол години од нашата врска не се случуваше ништо посебно освен убави моменти, заедичка дружба што се повеќе ги зајакнуваше моите планови за долг заеднички живот.

Во јуни 2011 год. добив можност да заминам за Ирак на работа со моја цел и намера да заработам што е можно повеќе пари за постабилна финансиска иднина во мојот понатамошен живот со К.А. Пред да заминам на работа во Ирак имав моја лична заштеда од 6 годишното работно искуство во Холидеј Инн и хонорарни дневници од околу 550.000 денари во Стопнска Банка и околу 100.000 во Про Кредит банка.
Од денот на заминувањето јас и Кристина секојдневно се слушавме и си ветувавме како целиот живот ќе се сакаме, двајцата свесни дека сум во Ирак да заботам за нашата заедничка иднина. Во август месец Кристина отиде на одмор сама во Охрид, каде реши да ја прекине нашата врска под образложение дека таа не сака ваков живот и дека нема да може да ме чека. Додека била на одмор сама, подоцна дознав дека ме изневерувала со други дечковци. По десетина дена раздвоени таа почна да ме моли да се смириме и да бидеме повторно заедно. За жал јас бескрајно ја сакав и и верував па и простив за грешката и повторно се вративме во врска.
Под нејзин притисок и образложение каква таа гаранција ќе имала да ме чека во Скопје, издејствува врз мене да ја побарам за жена на мојот прв одмор во септември месец 2011 год. По давањето збор од наша заедничка страна без официјален документ и петнаесетдневниот одмор јас се вратив на работа во Ирак.

Во мај месец 2012 год. си дојдов на втор  одмор во Скопје кога од мојата трансакциска сметка лично подигнав 38.000 долари. Од парите што ми останаа (нешто повеќе од 600.000 денари) и ги дадов на рака на Кристина со намера да ги орочи на нејзина сметка под моја целосна доверба од причина што треба да ми биде жена во иднина, односно планирав со неа брак и заеднички живот. По петнаесетдневниот одмор се вратив на работа во Ирак и тогаш  моите планови беа совршени од причина што имам вереница која неизмерно ја сакам и и верувам, имам добра работа од која заработувам многу добро и за сега се оди по планот за стабилна финансиска иднина.
Во август месец 2012 год. си дојдов на трет одмор кога за жал и дадов дополинително кеш пари кои јас лично ги подигнав од мојата сметка, но и дадов и полномошно ва Тутунска банка на ден 08 август 2012 год. со цел мојата вереница сама да ги подига моите плати, да врши промена од долари во денари во менувачница заради повисок курс на доларот, и да ги орочува на нејзина сметка во Стопанска банка под моја целосна доверба, дека што побрзо ќе заштедиме поголема сума на пари, ќе можам да се вратам во Македонија и да продожиме со заедички но многу постабилен живот заради заштедените пари.

По две неделниот одмор јас се вратив во Ирак на работа, а од тогаш Кристина Атанасовска почнува сама да ги погинува моите плати и во октомври месец склучува договор со Стопанска банка на 2 год. за отворен орочен депозит, каде ќе може во континуитет да ги подигнува моите плати, да врши промена во денари во менувачница и да ги уплатува на нејзината отворена орочена сметка во Стопанска банка.

Во март месец 2013 јас си дојдов на следен одмор кој траеше околу 50 дена за да извадам нов пасош. Во тој период повторно дознавам дека Кристина преку пораки на Фејсбук ме изневерува со некој поранешен дечко под образложение дека имала недостаток на внимание. За жал јас повторно и простувам и глумам како ништо да не се случило. 
Од мојата првична заштеда во Стопанска банка од 550.000 денари и додавам уште околу 300.000 денари купувам за себе животно осигурување во Кроација животно осигурување,каде Кристина во тој момент работи и успева во намерата да ми ги заглави парите 10 год. во таа фирма, под подоцнежно образложение дека не ги знаела најдобро условите.
Крајот на април 2013 год. си заминувам назад на работа во Ирак, а Кристина по нејзина желба се преселува од бараката во Ародром (во сопственост на татко и) во куќата на моите родители во Ѓорче Петров со намера да почне самостоен живот (без нејзините родители).
Во периодот октомври/ноември 2013 год. родителите на Кристина решаваат да ја реновираат куќата во Сингилич, со намера да ни ја отстапат бараката во Аеродром за да почнеме заеднички живот. Во тој ист период Кристина со мое одобрение платите што ги подигнуваше од мојата сметка ги трошеше на средување на бараката во Аеродом (местење стиропор, купување кујна ,дневна, спална, трепезарија и сл.) во целсона сума од околу 10.000 евра. Злоупотребувајќи ја мојата целосна доверба и огромна љубов и лажејќи ме дека го спрема нашиот иден дом додека јас не одлучам да купам стан. Во ноември месец Кристина се сели назад од мојата куќа во Ѓорче Петров во ново опремената барака во Аеродром.
Во март месец оваа година, таа  одлучува повторно да ја прекине нашата врска, но ме убедува дека првиот ден кога ќе се вратам во Скопје ќе ми ги врати сите мои пари од нејзината сметка во Стопанска банка, ќе поднигне кредит за потрошените пари за бараката во Аеродром и ми кажа дека не сака да има ништо мое во нејзиниот понатамошен живот.
 На 17 Јуни 2014 јас се вратив во Скопје од Ирак, телефонски се слушнав со Кристина која ми кажа дека сака следниот ден да се видиме за да ми ги врати сите мои лични работи и сите мои пари. Следниот ден на се сретнавме во бараката во Аеродром каде ме чекаа како на судење нејзините родители. По краткотрајниот разговот Кристина ме убедува дека ги потрошила сите мои пари за нејзини лични цели и единствен начин да си ги добијам моите пари назад е кривично да ја гонам.
Во целава драма најзините родители во целост ја поддржуваат и ме убедуваат дека јас треба да го платам потрошеното време на нивната ќерка што ме чекала во Скопје.
Следниот ден отидов да си го земам и мојот мотор кој ми стоеше во дворот на бараката во Аеродром. Кристина ми се закануваше прво дека ќе се самоубие па подоцна и физички ме нападна со намера мене да ме убие под образложение дека јас сум и го зацрнил животот. Следниот ден телефонски ја молев да престане со валканата игра и да ми ги врати моите пари, а таа на сево ова ме пријави во полициска станица Аеродром за малтретирање, “
Драганчо нема да се откаже од правдата, на сето ова ќе следи судски процес и верува дека судот ќе пресуди правилно.

Во прилог ставам и слики од Кристина(лепотицата која ми ги собра парите) со цел некој да не се излаже по оваа девојка.Ако не друго секој ќе ја покажува со прст!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
У јеботе шефе...знаев една ваква случк Во влае еден од најдобрите мајстори за коли, ми кажа еднаш "најголемата грешка у животот е што и дадов полномошно на жената да вади пари од сметка". Додека он 2002/3 правеше брдо пари од поправки на Унпрофор и КФор возилата, децата му наплнија по 23-4 години и почнале по лош пат (коцакање, дрогирање или од кај ти ја знам. Додека мама секогаш ги одглавувала од долговите.
Човекот ми рече - со овие две ебани раце имам направено преку 300.000 илјади евра, се ми собраа мамето нивно. Пред некое време го видов, ми кажуваше како едниот син го нема видено подолго време и нема поима каде се наоѓа бидејќи има потерница во Македонија по него...Иако живее уште со жената, постар е веќе, имаше здравствени проблеми и дојде до многу лоша состојба, ми се плачеше кога го видов, ама застана пак на нозе и почнал пак да си работи!

Се надевам ке си ја истераш правдата и како помлад једино што можам да кажам е фала за советите. Не за џабе моите секогаш ми викаат - пази, секогаш отварај 4 очи.

Лично го познавам мајстор Баже за жал.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Само ќе кажам дека Dando ми е многу добро другарче и дека не би сакал да сум на негово место.Ќе направам се што е во моја моќ да му помогнам да ја истера правдата.

@DayWalker Dando ти е комшија!

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Тачно знаеш за што зборам...страшен човек, страшен. Заебант голем ама секогаш има гратис совет и нешто паметно да ми каже. Ке му отидам деновиве на гости да го видам.

Него барај некој поасален адвокат и ќе ја отеаш за измама, мора некако да си ги извадиш парите. ДА бевме у нормална држава немаше уопште да се замараш, али како и да е правдата ке си искочи на виделина.

Каде бе дандо ми е комшија? Добро ај помал сум па затоа не се знаеме ваљда.
Него да се нудам за каква и да е помош нормално па макар и таксист да ти изигравам ако треба. Што и да е слободно пиши :)

EDIT: изивини вака, по презимето сега видов, на ќошот кај цајканските живееш? Славчо што ти се паѓа? :D

фала за понудата, иначе живеам во првата куќа на Социјалистичка Зора.

Чичко

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Многу добро ја знам типкава заедно работевме во тобако, значи ти си бил тој мистериозен дечко кој работи во ирак? цело време те збореше како едвај чекала да се вратиш...
друже каква помош и да треба кажувај тука сме да помогнеме! поздрав
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Брат, жал ми е што ти се случуваат вакви работи. А најмногу што ме нервира е кога ќе слушнам од женско: „сите машки се исти“. е тогаш ми се иде да палам, да кубам, да ебам, да сечам...

Туку, немој да ја отфрлаш можноста некој коњ да стои зад неја за кој не знаеш. Таква дроља ретко функционира сама. Во денешни услови кога многу криминалци соработуваат со полицијата и го делат профитот не е чудно што е толку храбра таа па уште одозгора те пријавува во полиција. Денес многу лесно се излегува на крај со убиство и се живее без совест. Терај си ја правдата на суд. Барем 50% од тоа што те ограбила секако9 ќе си повратиш. Но биди внимателен и очекувај уште полошо сценарио. Таа чим ги прокурцала парите тешко дека ќе може да ти ги врати. А некој во очај може да посегне и по туѓ живот. Таа кога веќе е јавна приказната знае дека веќе нема каде. Ако го загуби случајот таа нема повеќе каде и нема да дозволи да загуби под ниту еден услов. Така да паметот во глава, очите отворени 24/7, панцирот секогаш под рака. Не верувај на никој и пази се од инсајдери. Не оди никаде сам. Еднаш живееш и ти и таа, така да the gloves are off.

Секое добро и нека среќата биде секогаш на твоја страна.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
@Dando Ја сум на првата лево од јосиф ковачев, Смољани се вика едно мало слепо уличе. :D Небитно.
Убаво вика фаланга, очите отворени и не потклекнувај на ништо. истерај си до крај.

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Ох батко те средила оваа.Жал ми е навистина,ама и ти си бил малку наивен.Таа ако е верна немала ниту еднаш да те мами,така да си требало да прекинеш веднаш штом си дознал

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Кога се работи со пари, треба да се биде претпазлив.

Многу претпазлив.

Со било кого.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
Со среќа друже! Имаш поддршка од сите нас!

Само храбро и правдата ќе излези на виделина!

А дека ќе си најдеш некоја на место, ќе си најдеш, батали вакви.

Знам дека од оваа точка ти изгледа страшно ова, но еве веќе на темава се кажани уште пострашни случаи.

Take it easy, истери ја правдата на суд, апсолутно си во право и мислам ќе си ги наплатиш сите средства. Има сега мерки.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Лаже дека ги потрошила парите, планот го сковала заедно со родителите нејзини. Да даде господ да успееш во сето ова и да им ја земеш бараката во Аеродром и дуќанот па после да им се смееш во фаца на тие расипани курождери зинати за пари спечалени од туѓа пот!!!