Автор Тема: Ако ти пукне црево...  (Прочитано 2934 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Ако ти пукне црево...
« на: 01 Јули 2014, 21:05:52 pm »
значи ако ти пукне црево, а пукнало онаму кај што неможеш да го преспоиш, а си на сред недојдија, касно навечер, нема шанси никој да ти донесе црево баш какво шт ти треба... ова искуство мое, како објаснување за спасоносно решение за било кого, било каде...


во неделата одлучивме од клубов наш, да јаваме челични коњи до охрид и назад. фин план напраивме, ке идеме преку плетвар, не за друго, туку поише за возење да имаме, а се враќаме од кај стража, значи вртиме круг уствари.. и така фино, 6 души на мотори, крузаме се зезаме, седнавме во “ЧЕ“ (прв пат во мојот живот и не сум нешто воодушевен) следна станица охрид, па градиште, па пак охрид и накај 6 попладнето си кинисуваме за накај дома...  околу 7 стигаме на стража, и одеднаш на еден од пријателиве, (на само 100 метри пред стража), од долна страна на моторот огромен сив чад и почна уље да тече, ама он не го приметува тоа... на гас пуна го стигам му покажувам и среќа го изгаси моторот одма.. продолжи по инерција и влезе на бензинската налукоил... набрзинка склемпавме некое кантиче да не тече уљето на сите страни (иако веќе се направи локва) и седнавме да чекаме да се излади моторт. во 8:30 почнавме да растураме се разбира со позајмени алати (голем поздрав и благодарност до лукоил бензинската и стариот чикица што продава мекици во малото продавниче)

  испадна едно од нај глупите работи што може да се деси, а тоа е да се скине пнеуматско црево, кое има улога под притисок да го бутка загреаното масло во хладњачето за ладење на маслото.. е тоа цревце е многу карактеристично, плус се работи за кавасаки, многу е и ретко... не го сликав како изгледа скинато. но еве слика как изгледа после мојот зафат и решавање на истото:




цела процедура:

прво убаво обезмасти го, што и не е тешко, бидејки бензинот лесно го чисти. ако си дизелаш, барем снајди се со некоја крпа убаво избриши го. следно е најлон дебел. ке исечеш лента од дебел најлон,  да заврти неколку круга околу цревото, јас употребив оној најлон што се собира на топло (тоа и беше поентата) а го исеков од амбалажи со сокови што им стигаат на бензинската. после тоа еден цел изолир намотав, ама онака со силно стегање. на крај везиците одозгора, да стегнат, колку што можеш нај силно. во меѓувреме цело масло истече, наполниве ново, палење за тест, и до скопје возење со ниски вртежи. за моторот 4.000 обртаи се ниски вртежи. повиѓе од тоа не. вкупно до дома човекот имаше 130 километри пројдено и не се деси ништо трагично. значи збориме за врело масло, не за топла вода. после парикрање на моторот, 20 минути после тоа, почна да капе ситно масло одоздола. верувам дека ако овој зафат се изведе на црево за вода, ке истера уште повеќе. дури кај водата можеш и капачето од резервоарчето да го олабавиш и автоматски и притисокот ке го спуштиш па ке можеш да истераш...


секако, нај убаво е ако има кој да ти го донесе цревото и да го смениш... но ако немаш, а се наоѓаш негде у три лепе од дома, и немаш решение за замена, ова нека ви биде туторијал како да се довлечкате до првиот мајстор кој пак нешто на свој начин ќе зажуљави и ке го среди проблемот, макар и да го закрпи цревото... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Ако ти пукне црево...
« Одговори #1 на: 01 Јули 2014, 21:15:59 pm »
Najverojatno bi se tufkal so da mu praam u sred pustelija ali BRAVO za postov... this is how should one carclub look like :)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Ако ти пукне црево...
« Одговори #2 на: 01 Јули 2014, 21:36:39 pm »
Убав пач сте му направиле,стеги и изолирбан се маст хев кога се оди на пат!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Ако ти пукне црево...
« Одговори #3 на: 01 Јули 2014, 21:41:53 pm »
Мене ми се цвикна цревцето за прскање на брисачите напред. Ден денес е вака врзано, веќе 3-4 години си трае. :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ако ти пукне црево...
« Одговори #4 на: 01 Јули 2014, 23:16:03 pm »
Убав пач сте му направиле,стеги и изолирбан се маст хев кога се оди на пат!

во принцип кога иде група се договараме кој што ке носи под седиште... ова не е прв пат везици-стеги пластични да ме извадат од говна во некоја ситуација... ке се почудиш што се нема да направиш со нив... и изолир секако...


едит.. сори за дабл пост... грешка...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време