Пред едно 3 год. маршер направи еден експеримент со софтвер од X20DTL мотор. Го стави тој во мојот ECU. Колата беше катапулт, а со нејзиниот оригинален софтвер значително послаба и трома. Тогаш ја имав пумпата која во Кавадарци ја заменив со оваа што сега ја имам, а таа по бројот беше од вектра б. Тогаш разбрав дека пумпа од астра може да се стави на вектра б но не и обратното. Сега би го направил повторно истиот експеримент и со оваа пумпа како би проверил дали е со електроника за послабиот мотор или за овој што јас го имам но така би го изгубил ремапот. Затоа сакам да пробам со пумпа за Зафира А или соодветна за Астра со 74KW