Falanga be druzze be.....kakva sila kakva drskost......kriteriumi moze da ima vnatre vo zirito,koga diskutiraat megu sebe,isto i kaj avto-novinarite,,,ali ne i kaj obicnite glasaci......a koj se kriteriumite mene ne me zaineteresiralo dosega,bidejki nemam potreba......ne go stavam moeto amatersko mislenje na isto ramniste so mislenjeto na nekoj skoluvan dizajner........a ti poveli najdi gi izvleci, pa pokazi ni tuka na site nas deka tie tamu pojma si nemaat, i neznaat na koj gi davaat nagradite
океј, пошто праша. Не сум експерт за статистички анализи иако тоа ми е работа ама нешто од нешто знам.
Значи како се врши статистичка анализа односно како се прогласува победник од конкуренти по различни критериуми?
Еве еден ХИПОТЕТИЧЕН ПРИМЕР (да не речеш повторно дека се правам најпаметен на светот)
Критериум бр1: јачина на мотор
Критериум бр2: потрошувачка на гориво
Бонус критериум: потрошувачка на гориво по коњска сила или њутн-метар (може и да се комбинираат критериумите)
Критериум бр3: просечна цена на сервис и резервни делови (КАЈ ОФИЦИЈАЛНИ ДИЛЕРИ И СЕРВИСИ)
Критериум бр4: намена на возилото или димензија на возилото (ова би било грешка ако се употреби како критериум бидејќи добиените вредности не се сродни и затоа се неспоредливи). Поради оваа причина прашав како може во ист статистички примерок да се најдат Мекларен и Ферари наспроти Киа и Авео. Ааааа значи не се правам паметен туку имало причина зошто се сомневам... аха
Критериум бр5: волумен на производство
Критериум бр6 цена
Критериум бр7 достапност низ целиот свет или по региони (многу битна работа, овде често се греши)
Критериум бр8 ниво на опрема
Да не претерувам може да има и 50 критериуми.
Чекор 2: вреднување или бодување на секој критериум посебно. На пример:
Критериумот потрошувачка на гориво во 60-тите години можеби ќе добиеше 5% од вкупниот број бодови. Денес??? Друга приказна. Да речеме 30%, цената на горивото е супер-изгор а беше и бетер.
Критериум јачина на моторот: да речеме 10%. Во листата имаше коли со 500+ коњи а и коли со 60-70 коњи. Ако не се направи стратификација тука утната е целата анализа. Ферарито ќе добие 10% пута 10 (пошто е 10 пати помоќно од Авеото). Авеото ќе добие 10% пута 1. Разликите се огромни! Со други зборови возилата не се споредливи и не смеат да бидат во истата статистичка анализа.
иста е приказната и со критериумите потрошувачка, цена, волумен на производство, достапност, цена на сервис и резервни делови.
Кога ќе собереш критериум пута бодови за него се добива резултат. Ферари тепа на перформанси и ниво на опрема ама губи на све останато или пак не! Зависи жирито како ги вреднува критериумите. И тука е проблемот. Ако сака жирито да тепа ферари ќе стави 80% на перформанси, ќе стави 5% на достапност и цена и така ќе тепа. И ќе објави резултат. И некој како Спортиво166 ќе се дуе на форум зошто возел таква кола и ќе се кара со сите што не се објективни иако самиот тој можеби е во заблуда.
Епа батка, еве јас сум глупав и неписмен. Дај објасни ми како и по кои критериуми и со кои резултати тепала некоја марка на изборот. Не станува збор тука за Алфа или не-алфа. Еве јас тврдам дека изборот е нерелевантен. Ајде докажи ми ти дека е релевантен.