Автор Тема: Garage Vasilevski  (Прочитано 15334 пати)

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Garage Vasilevski
« на: 11 Јуни 2014, 16:01:18 pm »
Дојде редот  да  ја претставам и  Garage Vasilevski која е на самиот почеток, со тоа што сум уверен дека ќе идам  секогаш на подоброто, поставив тука за да си помагаме,  CARClub.mk не е заебанција.

Почнуваме од мојата мала гаража, која со тек на време ќе се зголемува, слики наскоро...Варстрој цо2 ќе биде  тој што ќе си ја врши својата работа,татко ми главен, јас како што се нарекува чирак, и иченик воедно.Тоа е тоа што има да се каже, немам преголема инспирација за текст со тоа се извинувам, имам инспирација да ми тргне работата како што треба, затоа што ова  е моето хоби...Наскоро истотака ќе ви откријам зошто го земав голфот, некои тоа го знаат...Благодарам за тоа што направивте еден ваков форум, и што ми напраивте премногу добри идеи за мојот живот...  :)

Повелете ова е нашиот почеток  успешно сработено, голф 3ка, спојување на лим на полумесец, претходно исчистено каде што треба да се заварува:



Заварено, избрусено, и испрскано со Антирос каде што има површинска рѓа, следно е сопственикот  по желба да се премачка со изолација :)



Но истотака, не само заварување, полирање на бандажи :) Ова тука што гледате е моето прво полирање извршено пред еден месец :)



Се изнивувам за лошиот квалитет на сликите, пријатно попладне!  :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
Одг: Garage Vasilevski
« Одговори #1 на: 11 Јуни 2014, 16:32:03 pm »
Ајде нек ви се угоде!

Браво и со среќа!


Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: Garage Vasilevski
« Одговори #2 на: 11 Јуни 2014, 17:06:53 pm »
Благодарам, тек смо почели!  :)

Отсутен Strumjan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
    • Македонска Џумла заедница
Одг: Garage Vasilevski
« Одговори #3 на: 12 Јуни 2014, 00:48:58 am »
Со среќа.
Правите ли проценка колку би чинело крпење и, евентуално, фарбање?

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: Garage Vasilevski
« Одговори #4 на: 12 Јуни 2014, 01:06:47 am »
E сега, да разјаснам, уште сме почетници во тоа со цената, неможе тек така што би рекле, дади ми цена, мора од негде да се почне, од беспари, па со пријатели, па знаење, искуства и ред други работи.
-Јас ја отворив темава за испомош околу тие работи, но не бев инспириран како што имам пишано, сега за сега, тргнуваме  од 0, значи, џетата моја е крпена од страна на татко ми пред 7 години(ќе поставам утре слики од крпеното какво е ден денес), татко ми има искуство со CO2, но за цената не....ќе се работи во слободно време со оглед на тоа да идеме понатака, благодарам...
-Имам 18 години, знам дека за некој сум речено копиљ(со извинение), али знам се што како треба, секако ќе учам од постари, али  се иде и на обратно...Благодарам  уште еднаш, да тргне работата па ќе правиме муабет за цената :)

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: Garage Vasilevski
« Одговори #5 на: 12 Јуни 2014, 13:12:19 pm »
Е сега, како што на сите не ви е јасно, јас малце згрешив во тоа што напишав тука, значи ќе биде за почеток само заварување  со цо2, но не и, фарбање, исправање, врати крила и такви ствари, затоа што немам гаража, а за цо2 за почеток гаражата ми е доволна, а сакам да постигнам со тоа што ќе почнам  како сите друго со надоградување, малце по малце, доволно ми е пример комплет прагови да се сменат, брусење,заварување, брусење, за другото по договор, затоа што прв проблем ми е цената, со тоа што сега моментално сум кај друг автосервис кој ќе ме учи :)

Се надевам на разбирање :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
Одг: Garage Vasilevski
« Одговори #6 на: 12 Јуни 2014, 13:33:06 pm »
Имаш апсолутно разбирање и поддршка. Не знам како си финансиски ама можеш да земеш некое фичуле, пегле и онака направи го тип топ и целиот процес да го фотографираш (сечење, швајцовање, брусење, китирање) значи до подготовка за фарба.

На тој начин (ако луѓето видат дека знаеш да направиш добар вар, добро го израмниш и го спремиш за фарбање) ќе добиеш 3-4 муштерии веднаш. Е сеа што се однесува до колку пари тоа зависи нели од потфатот. 

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: Garage Vasilevski
« Одговори #7 на: 12 Јуни 2014, 13:52:39 pm »
Се разбираме, наскоро ќе ставам слики од сетоа тоа што го кажа, џетата, сама си ја спремавме до фарбање  ;)

Веќе имам неколку муштерии кои дури ме прашуваат колку ти е спремање за фарбање, со оглед на тоа одма да ми ја кажеш цената....првиот ми беше голфот 3ката, но на комшија и го правев за мерак, и ете резултати  :)

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: Garage Vasilevski
« Одговори #8 на: 13 Јуни 2014, 03:08:11 am »
Се извинувам за дабл пост и за лошиот квалитет за кој е виновен мојот стар мобилен :D Eве слики од проектот со мојата џета, накратко ќе ви го претставам процесот на заварување, крпење како и да се нарекува.
Мислам дека не треба  премногу  да зборам, затоа што се е познато во сликите.Скапани делови:


Брусење  до здрав лим.

Исчистено до лим.

Заварено од внатрешна страна.

Од надворешна страна со појачување.

Одмастено па потоа офарбано со основна за заштита од рѓа.

Премачкано со боди 999, потоа премачкано со кобит(боди 930), па потоа уште една рака црна основна боја

Надворешниот лим пробно наместен.

Заварен од страна.

Избрусено.


Претходно заварено, и искитирано.


Ви благодарам за вниманието, ете вака секогаш е  работено во мојата гаража, каде што нормално, по желба на муштеријата, ќе се гледа  како  да се сработи горе наведеното, џетата ни е спремена од страна на татко ми кој  беше стручниот во варењето и брусењето, додека другото јас го работев со желба кон напредок...  :)

Не напоменав, значи варот каде што е варено, пред фарбање со основна, ептен малце се струга, значи  на вакви места пожелно е да се остава цел вар за да нема ослабнувања, а за тоа да личи убаво да не се познава, се иде на места каде што треба, и каде што е пожелно да се  израмни :)
« Последно менување: 13 Јуни 2014, 12:36:39 pm Деки »

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3082
Одг: Garage Vasilevski
« Одговори #9 на: 13 Јуни 2014, 13:54:58 pm »
Честито и со среќа нека е!

Почитувам луѓе кои не се плашат од работа, сигурен сум дека ќе успееш.

За се треба време, преку ноќ ништо не се случува, ова од лично искуство ти го кажувам (иако јас сум по природа нестрплив) :)

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: Garage Vasilevski
« Одговори #10 на: 13 Јуни 2014, 15:14:45 pm »
Благодарам  ;)

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: Garage Vasilevski
« Одговори #11 на: 14 Јуни 2014, 10:21:04 am »
Со среќа деки :)

За понатаму планираш крпење па фарбање или само спремање до фарба ? :)
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: Garage Vasilevski
« Одговори #12 на: 14 Јуни 2014, 14:39:46 pm »
Се во свое време, али јас би за спремање до фарбање, или само крпење, ќе видиме, не зборам ништо пред време, како ќе стојат работите, нека ми тргне прво па после е друга приказна, во оглед на тоа кој алат го имам, кој треба да го снабдувам, и тако даље  ;)

Отсутен Mak1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 442
Одг: Garage Vasilevski
« Одговори #13 на: 14 Јуни 2014, 14:45:49 pm »
Krpac i spremac nemozes da si vo isto vreme , treba da se odlucis sto poveke ti odi t.e vo sto poubavo se snaogas.

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: Garage Vasilevski
« Одговори #14 на: 14 Јуни 2014, 14:57:04 pm »
Да тоа го знам, затоа  напоменав има време, почнувам од 0, така да, секој ден ми е битен, размислувам, не е така лесно да се почне овој занат...  :)