После многу сообраќајки заради глупирања по улиците низ Македонијата, а и онака знаете пиво-муабети „Зошто неаме драгстрип кај нас“
ја отворам темата за дискусија.
Како мислите дека можеме да издејствуваме изградба на драгстрип каде што легално без никакви проблеми со закон, да правиме собиранки, дружење и најважното трки на 400 метра?
Освен петиција некоја друга идеја немам, ама бидејќи сме солидна бројка на форумов можеме да издејствуваме нешто барем да се популаризира идејава. Сигурно ќе најдеме поддршка (тоа гарантирам и имам контакти) со другите авто-мото форуми и клубови.
Мојата идеја е да има вакви драг стрипови барем на 4 локации во Македонија. Да се почни со Скопје за почеток е доволно добро.