Автор Тема: Купувам плац во Соње  (Прочитано 16358 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: КУПУВАМ ПЛАЦ ВО СОЊЕ
« Одговори #15 на: 12 Јуни 2014, 10:59:00 am »
Ќе си пуниш у шишиња од сабајле и терај :)
Обично се прави бунар со бетонски цевки во длабочина од околу 20 метри и водата се вади со пумпа за да се користи како техничка вода. Или се користи резервоар од барем 200 литри кој ќе се полни со вода од водовод за да се користи како техничка вода. Првото го имам и дома во сред град, а знам дека го користат во повеќето викендици (го користат пријатели). А каде што нема вода на 20 метри, се користи вториот метод. Првиот е особено погоден за поливање на градината и слична употреба со тајмери. Инвестицијата не е голема, а е особено важна во предели каде што има проблеми со водовод. Тоа е нормална работа за една куќа.

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: КУПУВАМ ПЛАЦ ВО СОЊЕ
« Одговори #16 на: 12 Јуни 2014, 13:20:31 pm »
Ќе си пуниш у шишиња од сабајле и терај :)
Обично се прави бунар со бетонски цевки во длабочина од околу 20 метри и водата се вади со пумпа за да се користи како техничка вода. Или се користи резервоар од барем 200 литри кој ќе се полни со вода од водовод за да се користи како техничка вода. Првото го имам и дома во сред град, а знам дека го користат во повеќето викендици (го користат пријатели). А каде што нема вода на 20 метри, се користи вториот метод. Првиот е особено погоден за поливање на градината и слична употреба со тајмери. Инвестицијата не е голема, а е особено важна во предели каде што има проблеми со водовод. Тоа е нормална работа за една куќа.

Секаде каде што има  нива, па макар и во двор да си има расад,  поисплатливо ти е да си извадиш вода, која е премногу почиста(ќе се испита)  неголи од водовод .... За се друго, пријатели  имаат бунар во дворот, водата е милина да ја пиеш, а не пак да  ставиш црево од пожарна и да фршти вода.... Многу исплатлива работа :) Затоа  еден бунар да напраиш со хидрофори и сетоа тоа си кошта пара. :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: КУПУВАМ ПЛАЦ ВО СОЊЕ
« Одговори #17 на: 12 Јуни 2014, 13:35:38 pm »
Во на дедото викендицата  во Јурумлери има и водовод и хидрофор (бунар).

Што и да бидни, секогаш има вода.

:)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: КУПУВАМ ПЛАЦ ВО СОЊЕ
« Одговори #18 на: 12 Јуни 2014, 13:37:57 pm »
Приказната со водата не е едноставна, за оние кои немаат водовод. Треба бунар. Има вода веројатно и доста во подземјето, но исправноста е под знак прашање. Инвестиција во бунар, пумпи прчистување и плус повремени посети на лабаратории за верификација на состојбата се пожелни дури и за техничка вода (нели се мијат садови, капења и сл.)

Секако можно е и да се ризикува.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: КУПУВАМ ПЛАЦ ВО СОЊЕ
« Одговори #19 на: 12 Јуни 2014, 13:40:00 pm »
Пумпи, пречистување?

Повеќе како пумпа и црево.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: КУПУВАМ ПЛАЦ ВО СОЊЕ
« Одговори #20 на: 12 Јуни 2014, 13:42:33 pm »
Ова не го зборам од памет. Ама како што реков секој може сам да си реши.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: КУПУВАМ ПЛАЦ ВО СОЊЕ
« Одговори #21 на: 12 Јуни 2014, 14:13:05 pm »
Знам Дени за бунарот, чичко ми има фирма за тоа, и знам дека сите поголеми дворови си имаат бунарче, али не е само ископај, не секогаш на 20 метра има вода, истражувања и мерења треба, а за вториот метод ти требаат МНООООГУ пари и живци дур се направи

Многу е поисплатливо во однос на сметки за вода, дури и татко ми планира да прави такво за наводнување и пунење на базен, а и штета е да фрлаш ти вода за пиење за глупост додека некои делови на Скопје е загадена и не се пие...

Филтрите за прочистување на бунарска вода да се пие се многу скапи, но исплатлива инвестиција за ако сакаш да си независен и не плаќаш сметки(освен ѓубретарина)


П.С: шалата погоре ми беше во смисол да си напуниш од сабајле вода на средсело ако искључат од водовод, да фанеш некоја мома успат :)


П.С2: ја отеравме офтопик :)
No turbo, no fun :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: КУПУВАМ ПЛАЦ ВО СОЊЕ
« Одговори #22 на: 12 Јуни 2014, 14:23:36 pm »
Никој не би се мачел да ја направи да се пие водата. Не се разбравме изгледа. Крајно нелогично е тоа. Треба мерења, а уште полесно е да се праша комшија во близина кој има бунар - колку му е длабок бунарот. Кошта едно литро виски информацијата. :) Штом има фирма, сигурно ти е јасно колку е лесно да се изведе бунар за техничка вода. :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: КУПУВАМ ПЛАЦ ВО СОЊЕ
« Одговори #23 на: 12 Јуни 2014, 16:16:57 pm »
Крел дојди бре на Скопска Црна Гора, какво Соње какве си пичке мајчине ...

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: КУПУВАМ ПЛАЦ ВО СОЊЕ
« Одговори #24 на: 12 Јуни 2014, 16:23:04 pm »
Крел дојди бре на Скопска Црна Гора, какво Соње какве си пичке мајчине ...

Сакам да сум поблизу до ФилипВ, за да може да дискутираме што почесто за кабли и у живо :) (Прекрасна куќа и плац има )

Се зезам.. Соње ми се свиѓа од секогаш, моите живеат во К.Вода, скоро секое возење  точак на Водно поминувам низ Соње  ,и баш ми праи ќеиф. Ми се свиѓа што е сончево, Козјак е во таа насока, Врв на Водно, и не е далеку од центар. Скопска Црна Гора е супер, ама Соње е локацијата што ни се бендисува...


Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
КУПУВАМ ПЛАЦ ВО СОЊЕ
« Одговори #25 на: 12 Јуни 2014, 17:17:24 pm »
Искрено да правиме муабет, Соње е многу убава населба, али поише ме влече накај Сопиште(поблиску до Центар, поредовен автобус, школо, поцивилизиран народ), Соње повеќе ми е како викенд населба со многу профи викендици(ја таква куќа немам какви што викендички има горе), али твои пари твој избор...:D

Btw, незнам дали прочита, пуштив абер, го чекам братучедов да ми каже, пуштил ваљда он веќе муабет :D
No turbo, no fun :)

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Re: КУПУВАМ ПЛАЦ ВО СОЊЕ
« Одговори #26 на: 12 Јуни 2014, 17:20:35 pm »
По цивилизиран народ во сопиште ?! :D

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: КУПУВАМ ПЛАЦ ВО СОЊЕ
« Одговори #27 на: 12 Јуни 2014, 17:23:29 pm »
Некако ми е поцивилизирано Сопиште, според мене, шо знам :/ :D
No turbo, no fun :)

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: КУПУВАМ ПЛАЦ ВО СОЊЕ
« Одговори #28 на: 12 Јуни 2014, 17:27:06 pm »
roki info od prva raka.... na nivo na mkd e od 25 12 2013 padnata odlukata za gradba, se ceka da se izglasa, sopiste nema pari zasto ne smeat da izdavaat resenija za gradba, jas sitnav stan i vo septemvri treba da go napustam, baram da mi se izdade dozvola vikaat mora da se ceka, a se ceka za cela kisela voda od januari, vikam da pocnam da gradam se ke si platam od posle , vikaat nemoj ke te iskodosi prviot komsija ke te kaznime, vikam a kaj plasticarite i cair na golemo se gradi.... vika sto da ti kazam strpi se ke bide...taka da poleka ne brzaj... :-)
OVAA MOJA CUDESNA ZEMJA....SAMO ZLATEN HITLER...MINISTERSTVO ZA TRANSPORT I VRSKI IM E KRIVO STO NE DONELE SEUSTE ODLUKA :O

Отсутен FICOOO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 265
Одг: КУПУВАМ ПЛАЦ ВО СОЊЕ
« Одговори #29 на: 12 Јуни 2014, 17:27:21 pm »
Јас имам викендица во Соње, и можам да кажам дека местото си е топ .
 До дома (карпош) сум за 20-30 мин. Е сеа проблем со вода има, такво е местото,  но се најавува дека наскоро треба да се пушти водовод од патишка река, така да за 2-3 години мах би требало да има нормален водовод. Јас имам бунар кој беше длабок 18 метра, ама сеа е 20 :) Но тоа се е до линијата на водата ако ја погодиш....комшијата до мене што е има фатено некоја струја и има бунар на 5 метра и од него се снабдуваат уште 3 куки :) Добрата вест е што со  сончев град ке се убрза патот до центар :) Ако бараш плац мој совет е негде после општината сопиште да бараш има доста убави локациии. И ако ти е за викендица глеј да има убав поглед, за тоа идеш уствари, одмор и релаксација . Чисто информативно има Горно Соње (првин иде тоа) па Долно Соње. Горно се претежно викендаши а долно е село кај што живеат луѓе.  Цената отприлика што имам слушнато е 35 евра квадрат. ама не го фаќај здраво за готово, ова е од муабет што слушнав од пријател. Се надевам помогнав колку толку. :) Среќно :)