Автор Тема: Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014  (Прочитано 7254 пати)

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014
« на: 10 Јуни 2014, 15:18:03 pm »
Здраво дечки,
па после три месеци, конечно стигна Маздата.
Немав време изминатиов период да ја сликнам, но конечно викендов и направив неколку фотки, па еве да ја претставам.

Мазда 3 Седан
Motor: Skyactiv-D  2.2 150 к.с.
Класа на емисии: ЕУРО 6
Менувач: 6 степен – мануален
Должина: 4580 мм, Ширина: 2053мм
Meѓуоскино растојание: 2700мм

Опрема:
-8 воздушни перничиња - предни, странични и завеси за сите места
-ABS/EBD/EBA
-DSC/TCS
-TPMS - систем за следење на притисокот во гумите
-Систем за стартирање без клуч и сопирање на моторот со копче од таблата
-Hill Assist - систем за помош при поаѓање на нагорнина
-Паркинг сензори
-Електроника на сите стакла
-Start/stop систем
-SCBS (Smart City Brake Support) - систем кој го намалува ризикот од удар при движење во градска средина и брзина до 30 км/час
-MID мултифункционален инфо дисплеј, кој вклучува борд компјутер
-Лумбарен регулатор на предното седиште на возачот
-Климатроник - двозонски автоматски клима уред
-Внатрешен ретровизор со затемнување, и фиока за наочари над огледалото
-Cruise Control - со управување од воланот и систем за ограничување на брзината - Auto Cruise
-Кожен пакет - кожен волан, кожна надлактица на пределот кај рачната, кожа на менувачот со декоративен хромиран прстен и основа со пиано лак
-Хромирани рачки на вратите
-Хромирана конзола на менувачот
-7” TFT мултифункционален централен дисплеј
-Премиум Аудио Систем - Мазда со радио AM/FM/CD/MP3/USB и AUX влез, 6 звучници
-HMI - контролер за управување на системите, кој се наоѓа до менувачот
-Bluetooth
-Централен наслонувач со место за две чаши на задното седиште
-Странични ретровизори кои електронски се собираат и загреваат
-Хромирана странична лајсна под прозорите
-Алуминиумски 16” бандажи Мазда, гуми Toyo NanoEnergy 205/60 R16
-Сигурносни штрафови
-Боја Soul Red (Бисерна металик)



































Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014
« Одговори #1 на: 10 Јуни 2014, 15:23:10 pm »
Со здравје да си ја возиш многу безгрижни километри, аир да и видиш, стварно е убава, пази ја и мази ја  :)
No turbo, no fun :)

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014
« Одговори #2 на: 10 Јуни 2014, 15:23:18 pm »
Оооо количево е на место во секој поглед. Браво и за опремата што си ја избрал (си можел кожни седишта или алкантра), а бојава не можела да биди подобра. Создравје да се вози и без никаков проблем!!!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014
« Одговори #3 на: 10 Јуни 2014, 15:33:57 pm »
Прекрасно! Браво! Одличен избор!

Преубава кола, солидно опремена, и во вистинската боја! Честито, мерак ми е што имаме ваква мазда на форумов - следниот понеделник да дојдеш на пиво (иако не си од Скопје), налепниче да ти дадеме. :)

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014
« Одговори #4 на: 10 Јуни 2014, 15:36:55 pm »
Prekrasna linija !

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014
« Одговори #5 на: 10 Јуни 2014, 15:38:13 pm »
Со здравје да си го возиш количето. Прекрасно изгледа!
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014
« Одговори #6 на: 10 Јуни 2014, 15:40:00 pm »
Честито, со здравје да се вози.

Изборот на колата а посебно бојата - мераци, браво!  8)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014
« Одговори #7 на: 10 Јуни 2014, 15:41:23 pm »
Одлична кола, со убаво да се вози ;)

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014
« Одговори #8 на: 10 Јуни 2014, 15:42:45 pm »
Zero, пиши ми каде и кога, па баш ќе гледам да дојдам  :)

п.с Заборавив да кажам фала на сите што учествувавте во дискусијата пред три месеци кога се двоумев што да одберам  :)

Отсутен Bardako

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 212
Одг: Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014
« Одговори #9 на: 10 Јуни 2014, 15:47:10 pm »
Браво , браво..... супер избор... најдоброто нешто од мазда до сега (заедно со 6-ката),прекрасна кола... со здравје да ја возиш , мноооогу многууу безгрижни километри , и да ја видиме во живо да дојдиш на некое собирче кога ќе има :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014
« Одговори #10 на: 10 Јуни 2014, 15:50:27 pm »
Тоа е тоа !!! Одлично, единствена кола што ми прави кеиф моментално на пазарот ...

Единствено 16 некако мали се се губат во однос на каросеријата али добро, здравје понатака може ќе се подновиш и со поголеми „кондури“

п.с. оди во Самад да ти скорјат едни убави платнени патосници, вака малку не ја личи. ..

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014
« Одговори #11 на: 10 Јуни 2014, 15:54:21 pm »
Конечно стигна, со здравје да се вози! Кои се твоите првични имресии и дали имаш некои планови за модификации, или засега нема да ја чепкаш?

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014
« Одговори #12 на: 10 Јуни 2014, 15:55:22 pm »
Убавини. Со здравје да се вози :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014
« Одговори #13 на: 10 Јуни 2014, 16:17:22 pm »
Прекрасно возило, прекрасно!! Со здравје да ја возиш. Само не ми текнува, можда пишувало во темата... Зошто чекаше толку многу за да стигне?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Mazda 3 Sedan Skyactiv-D 2.2 150k.s 2014
« Одговори #14 на: 10 Јуни 2014, 16:20:14 pm »
Добар избор си направил, и на возило и на боја. Со мерак да си ја возиш.