A бе друже, не е све у парите, Шенген и ЕУ. Најважно е здравјето, семејството, љубовта и среќата. Ти како што кажуваш таму не си среќен, заработката ти е просечна, семејство не знам дали имаш, ама и државава не си ја сакаш. Овде јасно ти е како е, ама фала Богу сеуште се живее. Споредбата со Бугарите по мене не ти е на место, пошто баш тие се вечити синоним за погрешно одбрана страна и тн., да не му ја труеме темава на колегата - може да се отвори нова тема за истово, ако некој уопште е заинтересиран ... Значи не ме сфаќај лично, тоа е мое размислување за овие мои 40 години колку ги имам, а во две војни учествував, Европа со сервисни тренинзи ја прошетав и запознав, треба само да се прашаме дали ние навистина сакаме у тоа НАТО или ЕУ или ни е нужно зло
Кога велам ние, мислам како МК во целина, не како поединци. Швајцарците и Скандинавците треба да ни се пример, а со критики и слично ништо не прават Трајче, Мирко, Добре и остали. Има овде леб за сите, само НЕМА МЕСТО ЗА ПРЕВАРАНТИ и КВАЗИ-РОДОЉУБИ ! Со нив кога ќе се справиме, не чека благосостојба. Ние сме како едно семејство, ама дозволивме комшиите да ни се мешаат во стопанисувањето ...