Не ти ја разбирам поентава. Се сложувам во одреден дел када ќе треба да зборувам за БМВ, но тоа не спаѓа тука. Квалитетот на европките производи константно се зголемува, а цената се намалува. Кај повеќето производители. А конкретно кај VW тоа се должи на идеи кои го намалуваат траењето на процесот на производство и го зголемуваат квалитетот.
Еве ти еден пример. Кај повеќето производители кога ќе избришат брисачите останува линија горе на средина која капе потоа. Некои го оставиле така да си капе и да е грозно. Некои го поправиле отпосле (Форд), каде откога ќе прснеш бришат, па застануваат па пак добришуваат. И резултатот е половичен. За разлика од тоа кај VW десниот брисач оди до крај и воопшто не остава цртка. Заштедено е уште на почетокот.
Втор пример. Може да се води сметка за местата кои бучат во колата и да се стави секаде изолација, а тие места да се отстранат. Или може да се направи колата сосе тие места,па да треба двојно повеќе звучна изолација за да се постигнат истите ефекти внатре. И пак резултатот да е половичен.
Трет пример. Кај некои коли е оставено да се отвора багажникот на далечинско. И тоа дделува како интересно решение. Кога ќе го затвориш багажникот, ако е клучот внатре ќе ти се заклучи клучот. Види, види! Годинава на одмор во Фиестата менувам објектив во багажник и сум го оставил клучот внатре додека сум менувал. И го затворив багажникот. Па преку друга агенција ми го праќаа резервниот клуч за да отворам. Кај некои производители задната врата се заклучува само со клуч, или со заклучување на вратите, за да неможе да се случи ова. Ем поефтино, ем многу подобро.
Четврт пример. Некои дадоа 2 милијарди долари за да направат пенкало кое пишува во вселената, некои отсекогаш користеа молив.
Сега не ми кажувај дека инвестирање во идеи е лоша работа или дека нема место во индустријата. Значи тоа е тоа што го одделува добриот производител од лошиот. Секој знае да ископира после тоа, ама да го имаш меѓу првите е успех. Исто како и цената на Ајфонот, и цената на сите можни негови лоши копии од милион производители. Но, да не тераме во таа насока.
Идејата е главна.