За 13300 мислам дека си го направил најдобриот можен избор. Мене Фокус-от кој го сакав ми излегуваше 17000, само тој имаше титаниум ниво на опрема и Сони озвучење, но како и да е не се каам што не го земав. За управливоста, т.е. фидбек (повратни информации од состојбата на пат кои се чувствуваат на волан) те прашав бидејќи Фокус важи за најуправливо возило во класата и меѓу првите во класа погоре. Истото важи и за фиестата, феноменално добро лежи на пат и влегува во кривини. Голф не сум возел, меѓутоа претходно возев Фиеста, а и возам Поло. Во поглед на управливост, лежење на пат и одзив на волан Фиестата е далеку подобра не само од Поло туку и од се останато што ми дошло при рака од таа класа. Мислев дека е така драстична и разликата меѓу Голфот и Фокусот, но штом не си го забележал тоа до сега најверојатно Фокусот и не е толку по-управлив од Голфот.