Па дали некогаш во живот си jа возел новата Astra 1,4 ? Па колата на Flintstones иде побрзо.
Старите Астри со 1,4 се сосема солидни возила, ама што се добива со новата Астра само +200 кг со сосема истиот мотор, не викам дека нема разлики, далеку е подобра изведбата внатре и има поголеми димензии, ама да се спореди Астра 1,4 со Голф 1,2 тси е сосема неразумно !!
Да се разбереме не сум некој посебен љубител на Голф ама ако сакаме реално да гледаме на работите направете споредба со Астра 1,4 тси, макар да и тогаш моторот на Голф е далеку подобра (поекономичен, пожив) !
Навистине се нервирам кога некој се труди само да потцени некој брен или производ само затоа што него лично не му допаѓа, па никој не те тера да купиш Голф, а да мислеа повеќето луѓе како тебе немаше да биде најпродаван и најценет модел.
И мене лично не ми се допаѓа iPhone и мислам дека е преценет ама моето мислење не го делат 30% од сите луѓе кои користат смартфони и мислам дека би било залудно и невозможно да се докажувам со сите нив акко што тоа го правиш ти во овој случај.
Тоа е исто како некој да застане пред салонот на PORSCHE Македонија и да ги убедува луѓето како VW нечини да идат да си купат нешто друго.
Секој си има свое мислење и форумот служи тоа да се искаже но не и да им се наметне истото на останатите!!!