Гласање

Кој е според вас најдобриот компакт

VW Golf 1.6 TDI CR
42 (32.6%)
Renault Megane 1.5 DCI
12 (9.3%)
Ford Focus 1.6 TDCI
14 (10.9%)
Opel Astra 1.7 CDTI
24 (18.6%)
Fiat Bravo 1.6 Mjet
14 (10.9%)
Peugeot 308 1.6 HDI
7 (5.4%)
Citroen C4 1.6 HDI
7 (5.4%)
Seat Leon 1.6 TDI CR
9 (7%)

Вкупно гласови: 129

Автор Тема: Најдобар Европски Компакт  (Прочитано 74496 пати)

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Најдобар Европски Компакт
« Одговори #225 на: 06 Септември 2011, 15:49:09 pm »
Па не реков како е, само сакам да ме увери Дени како тоа да се намали цената со заштеда на материјали а при тоа не само да не се загуби на квалитет туку квалитеот и да се подобри...?

Човекот кажа на крај...За жал технологијата на прозиводството на материјали за авто индустријата се уште не е доведена до ниво каде ќе може да се произведат многу квалитетни материјали по прифатливи или ниски цени, за да приматот пофторно го презедат подобрата технологија, поголемото искуство и традицијата.


Ако се стават поевтини материјали , цената ќе падне ама и рејтингот на Фоксваген според мене , германците правеа и прават коли , со добри материјали не штедат на нив , и тешко дека би се остваило тоа . Единствено решение е да се склапаат колите во држави со поевтина работна сила , Македонија , Србија и тн . Квалитетот би останал ист така а цената пониска , ако во Германија прмер плаќаат 1500 еу од работник , тука е 300 . :)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Најдобар Европски Компакт
« Одговори #226 на: 06 Септември 2011, 16:10:41 pm »
Оваа не е Алиса ...овај VW во земјата на чудата Дени..!

Тајни нема...се се знае..ова е 21 век.

За на крај.....после зборувај што сакаш...еден коментар од предавачот кој најдобро ја осликува денешната ситуација.

Пред само 10 години, Европските и Корејските производители на автомобили беа толку силно раздалечени и поларизирани...токму како Север и Југ.

Далеку беа едни од други...со светлосни години...и никој никогаш не ни помислуваше дека ќе почнат да одат едни кон други?????

Како....? Кризите, економските потреси, војните и сличните тектонски пореметувања во економијата доведоа до ситуација да се бара цена за долар пониска од онаа на конкурентите.

Поттурнати од таквата ситуација, европските производители пред се, почнаа да се движат во правец на Корејските, то ест да употребуваат понеквалитетни и помалку материјали заради намалување на цената.

Значи се случи обратен тренд.

Првите почнаа да одат ко Вторите, а вториве (Корејците) уште од самиот старт сватија дека ако сакаат да бидат поконкуретни ќе мора да го подобрат квалитетот на материјалите, значи одеа кон европските проиводители.

Најголемата опасност при едно такво обострано движење еден кон друг е моментот на судир или разминување.

Судирот неминовно води кон пораз на едниот, разминувањето води кон сигурен пораз на Првиот (Европа).

Вторите знаеја како да направат ниска цена, користејќи на почеток позајмена технологија.......квалиететот е лесно достапен со подобри материјали, па брзо го најдоа патот кон на првите....!

Првите знаеја што е технологија, квалитет, традиција но не знаеја како да произведат добра цена, па неминовно мораа да тргнат кон Вторите.

Ние самите многу побрзо отидовме кај нив, иако бевме убедени дека тие треба да дојдат кај нас, ако сакаат да успеат.


Значи ова не е буквален цитат бидејќи е од сеќавање,  него се трудев што по веродостојно да го пренесам предавањето со мои зборови.
Она првите и втрите го користеше намерно така низ целото предавање, па и јас го искористив овде.
« Последно менување: 06 Септември 2011, 16:12:28 pm Sportex »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Најдобар Европски Компакт
« Одговори #227 на: 06 Септември 2011, 16:30:35 pm »
1. Источните производители напредуваа (и напредуваат) со огромна брзина. Факт.
2. Киа / Хјундаи за многу краток временски период (читај <10 години) направија квантни скокови. Факт.
3. Подобрувањето на понудата на Киа / Хјундаи (делумно) се должи на вработување докажани луѓе од Европски производители (Питер Шрејер). Факт.
4. Цената стана многу поголем фактор во избор на автомобил. Факт.
5. Европските производители долго си дремеа незаинтересирано додека источњаците многу паметно и многу добро изиграа многу потези. Факт.


Промените на картата на производители резултираше со многу нови коалиции, но и многу изгубени брендови. Никој не знае што ќе се случи. Во моментов, не само што е погрешно некој европски производител да ги игнорира корејците, туку е самоубиствено. Имаат поефтина работна сила, ја имаат техничката експертиза потребна да направат квалитетен продукт, но за жал сеуште не знаат како добро да го спакуваат и да го понудат тоа. Полека (ама сигурно) учат. За 5 години сликата ќе биде целосно различна. Таа е реалноста, дури и еден VW го признава тоа.

И да се надополнам - многу европски производители пропаднаа (Сааб, кој е на последни нозе, Ровер, кој го купија Кинезите, итн). Се формираа многу нови коалиции. Кој би рекол дека Фиат ќе го има контролирачкиот дел од Крајслер.. Или дека Мерцедес ќе прави соработка со Рено. Ама таа е реалноста во моментов - глобалната економија си го прави своето. Price is king.
« Последно менување: 06 Септември 2011, 16:34:03 pm zeroSignal »

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8519
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Најдобар Европски Компакт
« Одговори #228 на: 06 Септември 2011, 16:35:12 pm »
Не верувам за 5 години.... можда 10....

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Најдобар Европски Компакт
« Одговори #229 на: 06 Септември 2011, 16:37:00 pm »
Не ти ја разбирам поентава. Се сложувам во одреден дел када ќе треба да зборувам за БМВ, но тоа не спаѓа тука. Квалитетот на европките производи константно се зголемува, а цената се намалува. Кај повеќето производители. А конкретно кај VW тоа се должи на идеи кои го намалуваат траењето на процесот на производство и го зголемуваат квалитетот.

Еве ти еден пример. Кај повеќето производители кога ќе избришат брисачите останува линија горе на средина која капе потоа. Некои го оставиле така да си капе и да е грозно. Некои го поправиле отпосле (Форд), каде откога ќе прснеш бришат, па застануваат па пак добришуваат. И резултатот е половичен. За разлика од тоа кај VW десниот брисач оди до крај и воопшто не остава цртка. Заштедено е уште на почетокот.

Втор пример. Може да се води сметка за местата кои бучат во колата и да се стави секаде изолација, а тие места да се отстранат. Или може да се направи колата сосе тие места,па да треба двојно повеќе звучна изолација за да се постигнат истите ефекти внатре. И пак резултатот да е половичен.

Трет пример. Кај некои коли е оставено да се отвора багажникот на далечинско. И тоа дделува како интересно решение. Кога ќе го затвориш багажникот, ако е клучот внатре ќе ти се заклучи клучот. Види, види! Годинава на одмор во Фиестата менувам објектив во багажник и сум го оставил клучот внатре додека сум менувал. И го затворив багажникот. Па преку друга агенција ми го праќаа резервниот клуч за да отворам.  Кај некои производители задната врата се заклучува само со клуч, или со заклучување на вратите, за да неможе да се случи ова. Ем поефтино, ем многу подобро.

Четврт пример. Некои дадоа 2 милијарди долари за да направат пенкало кое пишува во вселената, некои отсекогаш користеа молив.

Сега не ми кажувај дека инвестирање во идеи е лоша работа или дека нема место во индустријата. Значи тоа е тоа што го одделува добриот производител од лошиот. Секој знае да ископира после тоа, ама да го имаш меѓу првите е успех. Исто како и цената на Ајфонот, и цената на сите можни негови лоши копии од милион производители. Но, да не тераме во таа насока.

Идејата е главна. :)
« Последно менување: 06 Септември 2011, 16:50:57 pm Deni »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Најдобар Европски Компакт
« Одговори #230 на: 07 Септември 2011, 19:47:27 pm »
Денес така се погоди да бидат паркирани еден до друг фаворитите на темава и Астрата дефинитивно изгледа подобро.

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Најдобар Европски Компакт
« Одговори #231 на: 07 Септември 2011, 23:21:14 pm »
.
« Последно менување: 04 Мај 2012, 23:40:21 pm zippo »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Хорска Секција
Одг: Најдобар Европски Компакт
« Одговори #232 на: 07 Септември 2011, 23:47:52 pm »
Едно нешто кое го има Golf пред корејците е брендот - VW кој пред повеќе декади е устоличен како репер за квалитет и е дел од имиџот на многу луѓе(а најмногу на швабите). Кога станува збор за останатото, полека но сигурно европските брендови (со чесни исклучоци) ги губат битките од корејците на мноштвото позиции. Убаво сублимираше класниот во постот погоре. Прашање е на време кога корејците ќе го надминат имиџот на VW и останатите европејци. Во контекст на жуторасните марки мислам дека јапанците секогаш ќе се врв во светот. Излишно е да се коментира околку квалитет и останатите работи. Единствено во Европа не се толку популарни покрај мноштвото европски брендови.
« Последно менување: 07 Септември 2011, 23:49:44 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Најдобар Европски Компакт
« Одговори #233 на: 08 Септември 2011, 03:49:47 am »
Кој озбилен човек ти купува Корејско, бре? Бегај таму... :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Хорска Секција
Одг: Најдобар Европски Компакт
« Одговори #234 на: 08 Септември 2011, 09:12:21 am »
Тој што не сака да вози ѓубре како VW. :D
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7200
Одг: Најдобар Европски Компакт
« Одговори #235 на: 08 Септември 2011, 09:16:19 am »
Брм...брм...да беше пасат ќе се напалев...

Busted ...  ;D

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Најдобар Европски Компакт
« Одговори #236 на: 08 Септември 2011, 09:51:36 am »
Кој озбилен човек ти купува Корејско, бре? Бегај таму... :)

Losipatista :D :D :D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Најдобар Европски Компакт
« Одговори #237 на: 08 Септември 2011, 15:08:18 pm »
Озбилен човек !

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Најдобар Европски Компакт
« Одговори #238 на: 08 Септември 2011, 19:40:09 pm »
Озбилен човек !

У да грешка :D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Најдобар Европски Компакт
« Одговори #239 на: 11 Септември 2011, 16:16:32 pm »
Smejte se vie..

http://www.hyundai.co.nz/about-hyundai/awards/i30/

The Hyundai i30 has been judged the Car of the Year Supreme Winner in the 2009 AA Motoring Excellence Awards. The i30 Diesel Elite swept the field of 52 vehicles to be named both the winner of the compact car class (best small car) as well as the best car of the year overall

In winning the small car class the i30 beat contenders from Honda, Mitsubishi, Peugeot, Subaru and Toyota